Најлудите теории на заговор од светот на литературата - Part 2

Најлудите теории на заговор од светот на литературата

6. Дали „Грофот од Монте Кристо“ (The Count of Monte Cristo) е језуитска алегорија?

(6)najludite-teorii-na-zagovor-od-svetot-na-literaturata-kafepauza.mk

Језуитите се можеби најзастрашувачката организација во теориите на заговор, а некои луѓе сметаат дека токму оваа група луѓе е одговорна за речиси сè што се случило. Според Ерик Фелпс, Александар Дума ја знаел вистината за оваа организација па ја разоткрил во „Грофот од Монте Кристо“. Тој смета дека грофот го претставува генералот на Језуитите, личноста која ги почнува војните и политичките пресврти.

7. Дали Том Кленси бил дел од заговор за нападот на кулите близначки?

(7)najludite-teorii-na-zagovor-od-svetot-na-literaturata-kafepauza.mk

Керол Валентин не верува во приказната за нападот на кулите близначки во 2001 година. Таа смета дека не е возможно група терористи вооружени само со ножеви да украдат 4 авиони и успешно да удрат 3 од нив во договорената дестинација. Таа верува дека виновни се Евреите. Таа смета дека Израел и луѓето од американската влада користеле авиони на далечинско управување за нападите во Њујорк и Вашингтон. Терористите биле измислени за да се прикрие целата работа. Таа верува дека Том Кленси имал удел во прикривањето бидејќи не било случајно што неговиот роман „Долг на честа“ (Debt of Honor) има сцена речиси иста како нападите од 2001. Таа изјавила дека Кленси бил натеран од Пентагон да го напише романот со цел да му покаже на светот дека тоа сценарио е возможно.

8. Дали Луис Карол бил Џек Мевосек?

(8)najludite-teorii-na-zagovor-od-svetot-na-literaturata-kafepauza.mk

Ричард Волас верува дека Луис Карол е познатиот сериски убиец. Наводно, тој и неговиот пријател Ромас Вер Бејн се договориле да го намалат бројот на проститутки. Неговата теорија е основана на анаграми од книгите на Карол. На пример додека ја читал „Алиса во земјата на чудата“, тој го открил следниов пасус:

„Таа замина, низ шумата, носејќи го малото грдо нешто со неа. Ѝ беше тешко да го држи, бидејќи тоа мрдаше. Таа откри дека најдобро ќе го држи ако го фати за стапалото и за десното уво.“

Кога им ги променил местата на некои букви (на оригиналната, англиска верзија од текстот) тој добил многу мрачен текст:

„Таа се мрдаше! Но Доџсон и Бејн пронајдоа начин да ја задржат малата дебела курва. Цврсто ја фатив и ѝ го пресеков грлото, од левото уво до десното. Беше тешко, влажно, и одвратно исто така.“ – Џек Мевосек

9. Дали „Игра во ‘ржта“ (Catcher in the Rye) е алатка на ЦИА за перење мозоци?

(9)najludite-teorii-na-zagovor-od-svetot-na-literaturata-kafepauza.mk

Овој роман е еден од најконтроверзните. Од 1961 до 1982 година, делото на Џ. Д. Селинџер е најцензурирано низ американските училишта и библиотеки. Додека родителите се бунеле за лошиот јазик и сексуалната содржина, други сметаат дека ова дело претставува многу поголема закана отколку неколку погрдни зборови. Адам Горајтли смета дека романот е направа за активирање со хипноза која ги тера читателите да убиваат. Значи, секој кој ќе ја прочита книгата на Селинџер е потенцијален убиец.

10. Дали Стивен Кинг го убил Џон Ленон?

(10)najludite-teorii-na-zagovor-od-svetot-na-literaturata-kafepauza.mk

Според Стив Лајтфут, авторот на „Стивен Кинг го застрела Џон Ленон“ (Stephen King Shot John Lennon), Ричард Никсон и Роналд Реган сакале да ги отстранат Ленон и неговите протести за мир. Па, тие го најмиле Кинг за оваа работа. Според оваа теорија, Чапман бил само актер на кој требало да се префрли вината. Лајтфут исто така тврди дека во некои од делата на Стивен Кинг постојат индикации за неговите злосторства.

Погледнете и некои од теориите на заговор кои се покажале како вистина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар