Најдобрите 15 места за живеење

Најдобрите 15 места за живеење

Најголемите и најпознатите светски градови најчесто и не нудат најдобри услови за живеење заради високиот степен на криминал и сообраќајниот метеж. Според повеќето критериуми, еве ги најдобрите 15 места за живеење:

1. Торонто, Канада

Овој космополитски центар со децении наназад е најпопуларна дестинација за имигрантите. Токму тие сочинуваат половина од населението во градот. Околу 30% од населението во Торонто, покрај службените јазици, англиски и француски, зборува најмалку уште еден странски јазик. Торонто е познат економски центар и дом на седмата по големина берза во светот според пазарната капитализација. Економијата на Торонто сочинува една петина од бруто домашниот приход на Канада. Друг клучен фактор за високиот пласман на Торонто е сигурноста на жителите. Овој град е на 17-то место според безбедноста во светот.

Најдобрите 15 места за живеење

2. Отава, Канада

Отава, главниот град на Канада, има највисоко образована работна сила во земјата. Овој град е, исто така, домаќин на неколку технолошки гиганти, како „Сиско Системи“, „Алкател“ и „Дел“. За разлика од многу други градови, каде што добриот живот си има своја цена, Отава му пркоси на овој тренд. Во 2011 година, овој град беше прогласен за најевтин град за живеење во Канада. Во однос на хигиената, Отава е еден од најчистите градови, а во 2010 година беше трет по ред еко-град во светот.

Најдобрите 15 места за живеење

3. Велингтон, Нов Зеланд

Една третина од населението во Велингтон го сочинуваат постдипломци, што го прави град со највисоко образован кадар во целата земја. Приходите во Велингтон се над просекот за Нов Зеланд. Повеќе од 40% од домаќинствата имаат годишен приход од повеќе од 66.000 долари. Градот, исто така, има одлична клима со 2.000 сончеви часови годишно.

Најдобрите 15 места за живеење

4. Амстердам, Холандија

Амстердам е дом на најстарата берза во светот. Освен тоа, каналите и севкупната инфраструктура на Амстердам годишно привлекуваат голем број туристи. Во однос на личната безбедност, Амстердам е рангиран меѓу првите 20 во светот. Овој град нуди најразлични стилови на живеење и затоа е многу привлечен за имигрантите.

Најдобрите 15 места за живеење

5. Сиднеј, Австралија

Сиднеј има едни од најубавите пристаништа, а неговата местоположба е таква што од сите страни е опкружен со национални паркови, реки, заливи и плажи. Како голем бизнис-центар, Сиднеј е седиште на речиси 40% од топ 500 австралиски компании. Една третина од вкупниот бруто домашен приход во Австралија отпаѓа само на Сиднеј. Просечниот годишен приход на домаќинствата изнесува повеќе од 55.000 долари.

Најдобрите 15 места за живеење

6. Копенхаген, Данска

Копенхаген е град кој ја нагласува европската доминација во квалитетот на животниот стил. Тоа се должи на напредната инфраструктура и на високо квалитетниот работен кадар. Во 2010 година, Копенхаген беше на второто место на листата на еко-градови. Овој град е познат и како „градот на велосипедите“ затоа што вкупната должина на велосипедските патеки изнесува 350 километри, а 36% од населението секојдневно користи велосипед.

Најдобрите 15 места за живеење

7. Берн, Швајцарија

Центарот на Берн, познат уште како Стариот град, во 1983 година стана светско наследство под заштита на УНЕСКО. Овој град успеал да го задржи средновековниот шарм, иако со текот на времето станал центар на швајцарското производство, со најразлични високо развиени индустриски гранки, познат по изработката на часовници. Во 2011 година, Берн е вториот најбезбеден град, веднаш по Луксембург.

Најдобрите 15 места за живеење

8. Женева, Швајцарија

Женева, каде што се наоѓа седиштето на Црвениот Крст, има меѓународна улога затоа што 44% од населението го сочинуваат странци кои ги претставуваат своите влади на меѓународните конференции и организации одржани токму тука. Овој град е познат како „Градот на парковите“ затоа што 20% од него се зелени површини. Загадувањето на воздухот се регулира преку посебен Закон за загадување на животната средина.

Најдобрите 15 места за живеење

9. Франкфурт, Германија

Франкфурт се смета за најголемиот финансиски центар во континентална Европа. Тој е дом на големи институции како што се Европската централна банка и на Франкфуртската берза. Со оглед на модерната инфраструктура, Франкфурт добива огромни приходи од сообраќајот. Годишно се остваруваат 114 милиони патувања со метро и 50 милиони авионски летови. Врз основа на нивото на криминал и спроведувањето на законите, Франкфурт е на високото 11-то место во светот.

Најдобрите 15 места за живеење

10. Ванкувер, Британска Колумбија

Ванкувер е еден од „најзелените“ градови во светот, со најмала застапеност на јаглерод во воздухот. Тоа делумно се должи на водата и на снежните планини кои го опколуваат овој град, а делумно и на владината програма за поттикнување на еколошката свест. Според безбедноста, Ванкувер се најде на 17-то место.

Најдобрите 15 места за живеење

11. Дизелдорф, Германија

Дизелдорф е седмиот најнаселен град во Германија. Познат по модата и разните саеми, Дизелдорф е еден од најголемите телекомуникациски центри во земјата. Во него се сместени компаниите „Хјулит Пакард“ и „Нокија Сименс“. Со повеќе од 100 галерии, Дизелдорф е водечки град во областа на современата уметност.

Најдобрите 15 места за живеење

12. Минхен, Германија

Во 2009 година, куповната моќ во овој град изнесуваше 33.700 долари по глава на жител, што е за 32% над просекот. Со оглед на високо развиените индустриски гранки, Минхен е секогаш привлечен за имигрантите и 40% од населението во овој германски град се странци. Дури 30% од бруто домашниот приход на областа Баварија отпаѓа на Минхен.

Најдобрите 15 места за живеење

13. Оукленд, Нов Зеланд

Местоположбата на Оукленд е специфична; овој град се наоѓа помеѓу две пристаништа, со 11 неактивни вулкани и многубројни острови. Според безбедноста, Оукленд е рангиран на второто место во азискиот регион, веднаш зад Сингапур. Во однос на економијата, Владата постојано се залага за поголем економски раст и намалување на долговите.

Најдобрите 15 места за живеење

14. Цирих, Швајцарија

Ниските даночни стапки привлекуваат многу странски компании да го постават своето седиште токму во Цирих. Средствата вложени во 82-те банки претставуваат 85% од вкупната вредност на сите средства во земјата. Градот, исто така, претставува најголемата туристичка дестинација во Швајцарија, познат по своите езера и ридовите што се протегаат од север кон југ и нудат широк спектар на рекреативни активности.

Најдобрите 15 места за живеење

15. Виена, Австрија

Способноста на Виена да ја трансформира старата инфраструктура во современи населби, во 2010 година ѝ ја донесе наградата на Обединетите Нации за урбано планирање, за подобрување на животните услови. Виена е број 1 дестинација во светот за конференции, поради кои овој град го посетуваат 5 милиони туристи годишно. Виена е, исто така, и најнаселениот град во Австрија.

Најдобрите 15 места за живеење


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Bojan Reply

    Прага би ја додал 🙂

  2. Christal Reply

    Samo za informacija na avtorot , Vancouver isto taka e grad vo Canada, a Britanska Kolumbija (British Columbia) e provincija vo Canada:)))

Напиши одговор на Christal Откажи одговор