Најбизарните секс-закони во САД

Најбизарните секс-закони во САД

Во САД можете да наидете на безброј смешни и несекојдневни закони, кои поинаку се третираат во различни делови од државата. Ова се само неколку од најинтересните и најбизарните кои се однесуваат на сексуалниот живот на жителите во одредени региони.

Најбизарните секс-закони во САД

  • Во Харизбург, Пенсилванија забрането е да имате сексуален однос со возач на камион во царинската кабина.
  • Во Тремонтон, Јута на жените им е забрането да имаат секс во амбулантните возила. За да биде уште полошо, нејзиното име ќе излезе во локалните медиуми.
  • Во Анистон, Алабама доколку девојка загуби партија билијард, не смее да проба да се оддолжи со секс.

Најбизарните секс-закони во САД

  • Во Њукасл, Вајоминг забранети се сексуални односи во одделот за месо во големите маркети.
  • Во Облонг, Илиноис забрането е водење љубов после лов и риболов и на денот на венчањето.
  • Во Бозман, Монтана секој облик на сексуален однос во предниот дел од дворот е казнив со закон, доколку извршителите се од различни полови и се целосно голи.
  • Во Котонвуд, Аризона паровите што ќе ги фатат за време на секс во возило на кое му се дупнати гумите ќе бидат казнети, а казната ќе биде дупло повисока ако тоа се случува на задното седиште.

Најбизарните секс-закони во САД

  • Во Конорсвил, Висконсин на мажите им е забрането да пукаат со огнено оружје во моментот кога нивната партнерка доживува оргазам.
  • Во Јута, сексот со животни не е казниво дело, ако од него не се остварува профит.
  • Во Оксфорд, Охајо на жените им е забрането да се соблекуваат пред фотограф.
  • Во Минесота секој маж кој ќе има секс со жива риба ќе биде казнет.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар