Мудрите зборови на англиканскиот бискуп: Како можеме да го промениме светот?

Сигурно сте ја чуле изреката „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“. Овие зборови кријат голема вистина. Секогаш кога сакаме да смениме нешто, мора да тргнеме од себе, бидејќи постојат работи што се надвор од наша контрола. Сите луѓе ќе ја научат оваа лекција порано или подоцна, на потешкиот или полесниот начин. Следниов натпис бил врежан на надгробната плоча на англиканскиот бискуп во Вестминстерската опатија во 1100 година. Тој самиот се уверил во оваа вистина, но за жал премногу доцна. Прочитајте ги неговите зборови и не ја повторувајте истата грешка…

Мудрите зборови на англиканскиот бискуп: Како можеме да го промениме светот?

Кога бев млад и слободен и кога мојата фантазија не познаваше граници, сонував за тоа да го променам светот. Но, како што станував сѐ постар и помудар сфатив дека светот не сака да се промени.

Малку ги намалив моите очекувања и одлучив да ја променам само мојата земја. Но, и таа делуваше непроменлива. На постари години, во еден очаен обид, решив да го променам само моето семејство, моите најблиски. Но, и тие не го прифатија тоа.

Сега додека лежам на смртна постела, одеднаш сфатив: Да се променев најпрво себеси, преку својот пример ќе можев да го променам и моето семејство.

Нивната поддршка и охрабрување ќе ми ја дадеа силата со која ќе можев да ја подобрам својата земја и којзнае, можеби тогаш ќе можев да го променам светот.

Прочитајте ги и следниве мудри мисли од Наполеон Бонапарта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар