Одберете го јајцето што мислите дека потекнува од здрава кокошка и дознајте како се храните

Одберете го јајцето што мислите дека потекнува од здрава кокошка и дознајте како се храните

Многу луѓе не ја знаат разликата помеѓу здраво, природно јајце и нездраво јајце. Многумина не знаат колку е важно да се консумираат здрави јајца што потекнуваат од кокошки одгледувани на фарма, наместо јајца од кокошки одгледувани во фабрика. На оваа слика се прикажани 3 типови жолчки од јајца. Првата темно портокалова, втората е жолта, а третата е светло портокалова. Која жолчка мислите дека потекнува од здрава кокошка?

Одберете го јајцето што мислите дека потекнува од здрава кокошка и дознајте како се храните

Јајце со темно портокалова жолчка

Ако мислите дека темно портокаловата жолчка потекнува од најздравото јајце, во право сте! Темно портокаловите жолчки обично потекнуваат од кокошки одгледани на фарма, каде што кокошките ја добиваат сета дневна светлина и сиот простор што им треба. Тие не живеат во големи темни простории без прозорци каде што не влегува сончева светлина. Освен тоа, покрај семиња, овие кокошки јадат инсекти, како што се скакулци, штурци, пајаци и крлежи, а тоа е уште една причина плус зошто нивните жолчки се побогати со хранливи состојки.

Јајце со жолта жолчка

Ова јајце е купено од голем супермаркет. Ваквите јајца потекнува од кокошки одгледувани во фабрика. Тие кокошки живеат во ужасни услови. Немаат доволно сончева светлина и простор, живеат во нечистотија и јадат само семиња. Исто така, овие кокошки се испилуваат во инкубатори што воопшто не е природно.

Јајце со светло портокалова жолчка

Јајцето со светло портокалова жолчка е купено од локална пиљара. Овие јајца обично потекнуваат од кокошки одгледувани во големи фарми, каде што условите не се толку лоши како оние во големите фабрики, но сепак не се соодветни за кокошките. Основното правило гласи дека колку повеќе кокошки произведува фармата толку помал е нивниот квалитет. Главната причина зошто оваа жолчка не е толку здрава колку првата е тоа што овие кокошки не се хранат со протеини. Нивната исхрана се состои само од семиња.

Не само што јајцата кои потекнуваат од локалните фарми се многу посвежи, туку и условите во кои живеат кокошките се многу подобри. Тие кокошки се многу поздрави и бојата на жолчката на нивните јајца е доказ за тоа. Доколку никогаш не сте пробале такви јајца, вреди да се обидете да ги набавите.

Сега откако знаете како изгледаат здравите јајца, размислете која од овие банани би ја изеле. Кликнете на сликата за да дознаете што открива одговорот за вашето здравје.

1-koja-od-ovie-banani-bi-ja-izele-vasheto-zdravje-zavisi-od-odgovorot-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар