3 совети што сигурно ќе ви помогнат доколку сте во врска со припадник на знакот Овен

Доколку сте во врска или брак со типичен Овен, сигурно сте забележале дека припадниците на овој знак се многу тврдоглави, самоуверени, амбициозни, оптимистични и комуникативни. Воопшто не е лесно да се биде во врска со таков човек, но едно е сигурно: Никогаш не е здодевно со Овните! Следниве неколку совети можат да ви помогнат доколку сте во врска со припадник на овој знак…

3 совети што сигурно ќе ви помогнат доколку сте во врска со припадник на знакот Овен

Што да правите доколку сте во врска со наметлив Овен кој сака да заповедува?

Ваквите Овни се многу самоуверени. Тие се природни лидери кои знаат како да преземат контрола. Тие се многу тврдоглави и никогаш не бараат помош, затоа што многу сакаат да се натпреваруваат. Освен тоа, ваквите Овни се нетрпеливи и избувливи. Сите овие „алфа“ карактеристики можат да бидат многу привлечни на почеток, но подоцна можат да станат претерани, особено ако постојано се чувствувате како да сте во заден план.

Депресијата обично се јавува кога се чувствувате помало и понемоќно од партнерот. Во здравите врски, партнерите ја споделуваат моќта и обврските. Доколку сакате да ја вратите рамнотежата во врската, мора да останете смирени за време на конфликтите. Кога си имате работа со личност со тежок карактер, најважно е да ја задржите вашата смиреност. Колку помалку реагирате на провокациите, толку полесно ќе се справите со Овните.

Што да правите доколку сте во врска со силен и тивок Овен?

Ваквите Овни се пристојни, лојални и чувствителни. Но, ако вашиот партнер реши дека сака да ги „закопа“ своите емоции, ќе ви треба диплома по археологија за да ги ископате. Добрите вести се дека овие Овни даваат сѐ за љубовта, само треба да ги откриете нивните емоции. Како да го сторите тоа? Останете позитивни, отворени и доследни. Можеби ќе се обидат да ве излажат дека сѐ е во ред со нив и дека не им треба вашата помош, но продолжете да настојувате.

Тоа не значи дека треба да бидете напорни и да им создавате притисок, но мора да им дадете знаење дека сте тука за нив. Треба да ги уверите дека можат да ви веруваат и целосно да ви се отворат. Покажете им дека ги сакате и покрај тоа што ги знаете сите нивни силни и слаби страни.

3 совети што сигурно ќе ви помогнат доколку сте во врска со припадник на знакот Овен

Што да правите доколку сте во врска со бестрашен Овен?

Го обожавате фактот што се бестрашни, екстровертни, добродушни и спонтани. Ваквите Овни секогаш гледаат на светлата страна на работите. Тие ве инспирираат да излезете од удобната зона и да пробувате нови работи, како што се параглајдерство, скокање со банџи, нуркање и слично. Секако дека постои тенка граница помеѓу здравото преземање ризици и немарноста. Кога вашата финансиска, професионална и семејна иднина зависи од човек кој игра опасни игри, вам ви останува да водите сметка за безбедноста.

Или, пак, можете да се обидете да бидете како нив. Ако сакате да имате повеќе љубов, мора да го победите стравот. Мора да преземате ризици доколку копнеете по големи романси. Не ја тестирајте врската и не барајте партнер кој ќе биде целосно сличен на вас. Љубовта треба да биде по малку страшна, бидејќи е неизвесна. Нормално е тоа што се плашите од одбивање и неуспех, но ќе можете да доживеете голема љубов само доколку соберете храброст да се соочите со стравот и да тргнете во потрага по љубовта.

Прочитајте ги и следниве 9 причини зошто жените родени во знакот Овен се неверојатни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар