Малтретирано 7-годишно момче со различни очи и зајачка уста наоѓа мачка која е иста како него!

7-годишниот Меден од Оклахома бил роден со зајачка уста и различна боја на очите. Многу соученици го исмејувале поради неговиот уникатен изглед. За среќа, тој нашол начин да се справи со нив.

Малтретирано 7-годишно момче со различни очи и зајачка уста наоѓа мачка која е иста како него!

„Минатата недела, една пријателка објави слика од мачка. Мачката била спасена од страна на едно засолниште. Веднаш знаевме дека ова маче треба да стане дел од нашето семејство. Не само што има зајачка уста исто како и нашиот Меден, туку има и различна боја на очите исто како него. Им беше судено да станат најдобри пријатели. Интересно е тоа како миленичето може да помогне да не се чувствувате толку осамено“, изјавила мајка му на Меден, Кристина Хамфри.

Малтретирано 7-годишно момче со различни очи и зајачка уста наоѓа мачка која е иста како него!

Малтретирано 7-годишно момче со различни очи и зајачка уста наоѓа мачка која е иста како него!

Вистинско чудо е тоа што Меден ја нашол Мун! Ова нарушување на очите се вика хетерохромија иридум и тоа се случува кога дел од ирисот има најмалку 2 бои. Целосната хетерохромија, каде што двете очи се комплетно различни, е многу ретка појава и постои кај помалку од 14% од популацијата. И зајачката уста е исклучително ретка.

Малтретирано 7-годишно момче со различни очи и зајачка уста наоѓа мачка која е иста како него!

Малтретирано 7-годишно момче со различни очи и зајачка уста наоѓа мачка која е иста како него!

„Обично не сме воопшто спонтани, но знаевме дека ќе го засакаме мачето. Мун и Меден се одлични другари. Во свето полн со насилници и омраза, ние одбравме да ја следиме љубовта. Слободно можеме да кажеме дека ова маче е љубовта и судено беше да стане дел од нашето и патувањето на Меден“, објаснила мајката.

Мун му помага на Меден да сфати дека уникатноста е нешто неверојатно и дека тој е волшебен. Меден преживеал 6 операции, а го чекаат уште.

Малтретирано 7-годишно момче со различни очи и зајачка уста наоѓа мачка која е иста како него!

Малтретирано 7-годишно момче со различни очи и зајачка уста наоѓа мачка која е иста како него!

Некои деца му велеле дека е грд и го навредувале, а тоа навистина го скршило. Единственото нешто што му преостанало било да ја смени својата перцепција за насилниците.

Меден има и двајца браќа.

„Немав намера да привлечам внимание со оваа случка. Но, кога веќе добивме внимание, се надевам дека ќе им помогне на децата со зајачка уста и дека ќе ја подигне свеста. Сите имаме недостатоци, но секогаш се обидуваме да бидеме добри кон другите“, заклучила мајката.

Малтретирано 7-годишно момче со различни очи и зајачка уста наоѓа мачка која е иста како него!

Врсничкото насилство е голем проблем насекаде низ светот. Децата кои изгледаат поинаку од останатите се постојана мета на задевање и малтретирање. Меден ја имал таа среќа да најде пријател ист како него, но тоа не се случува секогаш. Уникатноста не треба да се гледа како нешто лошо или чудно. Да се надеваме дека приказната на ова момче ќе ја подигне свеста за овој проблем и дека ќе промовира меѓусебно прифаќање и разбирање кај децата и воопшто кај луѓето.

Малтретирано 7-годишно момче со различни очи и зајачка уста наоѓа мачка која е иста како него!

Погледнете го и ова срцепарателно видео на едно момче кое било малтретирано од соучениците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар