12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

Сигурно сте гледале цртани филмови кога сте биле деца. Можеби и сѐ уште ги гледате! Цртаните можеби се наменети за деца, но во себе кријат длабоки пораки што можат да допрат и до возрасните. Расположени сте да се вратите во детството? Доколку се сметате за вистински обожаватели на цртаните филмови, прифатете го нашиот предизвик и обидете се да ги одговорите следниве 12 прашања…

12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

1. Колку внуци имал Попај?

а) 2

б) 5

в) 3

г) 4

  • Одговор

    г) 4

    12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

    Попај имал 4 внуци, Пајпеј, Пипеј, Пјупеј и Пупеј.

 

2. Кој лик му бил омилен на Волт Дизни?

а) Мики Маус

б) Гуфи

в) Доналд Дак

г) Мини Маус

  • Одговор

    б) Гуфи

    12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

    Според филмското списание „Empire“ тоа бил Гуфи. Кучето е најдобар пријател на човекот, се согласувате?

 

3. Која е најтивката принцеза од Дизни?

а) Аурора од „Заспаната убавица“

б) Бел од „Убавицата и ѕверот“

в) Мулан од „Мулан“

г) Пепелашка од „Пепелашка“

  • Одговор

    б) Аурора

    12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

    Аурора поминува толку многу време во спиење што има само 18 реплики во текот на целиот цртан филм, што значи дека таа е најтивката принцеза. Меѓутоа, таа е исклучок. Повеќето принцези од Дизни кажуваат навистина инспиративни мисли.

 

4. Која принцеза има фарбана коса?

а) Рапанзел

б) Бел

в) Тијана

г) Пепелашка

  • Одговор

    а) Рапанзел

    12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

    Според „Empire“ оваа долгокоса убавица има всушност природна кафеава коса. Ова е прикажано во филмот „Заплеткано“ кога долгата руса коса на Рапанзел ќе биде исечена. Таа тогаш станува кафеава и останува таква до крајот на филмот.

 

5. Покахонтас требала да има милениче кое зборува. Кое животно било тоа?

а) Верверичка

б) Волк

в) Мисирка

г) Птица подбивница

  • Одговор

    в) Мисирка

    12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

    Глумецот Џон Кенди кој бил одбран да го позајмува гласот на мисирката пријател на Покахонтас по име Редфедер, починал во 1994 година за време на продукцијата на цртаниот. Наместо да го заменат Кенди, Дизни решиле целосно да ја тргнат мисирката како лик.

 

6. Кој ја одбил улогата на мршојадците во „Книга за џунглата“?

а) The Rolling Stones

б) The Grateful Dead

в) The Beatles

г) Aerosmith

  • Одговор

    в) The Beatles

    12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

    Иако Волт Дизни сакал Битлси да го позајмат гласот на мршојадците, Џон Ленон ја одбил понудата. Меѓутоа, мршојадците сепак биле направени според ликот на Битлси.

 

7. Кои 2 лика го добиле гласот од истиот актер?

а) Душко Долгоушко и Паторот Дафи од „Луни Тјунс“

б) Ијор од „Вини Пу“ и Оптимус Прајм од „Трансформери“

в) Мини Маус на Дизни и Елса од „Замрзнато“

г) Аладин од „Аладин“ и Флин Рајдер од „Заплеткано“

  • Одговор

    б) Ијор и Оптимус Прајм

    12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

    Питер Гален го позајмува гласот и на магаренцето Ијор и на силниот Оптимус Прајм.

 

8. „Дамата и скитникот“ требало да се вика:

а) „Дамата и Бозо“

б) „Дамата и Хомер“

в) „Дамата и парталавиот“

г) Сите наведени

  • Одговор

    г) Сите наведени

    12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

    Пред да се одлучат за скитникот, сценаристите за малку ќе го именувале кучето Бозо, Хомер или Парталко.

 

9. Колку години имаше Ариел кога се омажи за Ерик во „Малата сирена“?

а) 21

б) 19

в) 13

г) 16

  • Одговор

    г) 16

    12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

    Според приказната, малата сирена има само 16 години кога се венчава за нејзиниот морнар од соништата.

 

10. Саканиот лик на Дизни, Мики Маус, за малку ќе добиел друго име. Кое било тоа?

а) Мелвин Маус

б) Мортимер Маус

в) Мајк Маус

г) Марти Маус

  • Одговор

    б) Мортимер Маус

    12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

    Волт Дизни најпрво го крстил легендарниот глушец Мортимер, но неговата сопруга мислела дека Мики Маус звучи подобро. Останатото е историја.

 

11. Од кој јазик доаѓа зборот „Симба“?

а) Африкански

б) Свахили

в) Турски

г) Мандарински

  • Одговор

    б) Свахили

    12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

    Зборот „симба“ значи „лав“ на свахили.

 

12. Актерите кои ги позјамуваат гласовите на Мики и Мини Маус:

а) Се во брак

б) Биле во кратка врска

в) Се мразеле

г) Се роднински поврзани

  • Одговор

    а) Тие се во брак

    12 прашања што само вистинските обожаватели на цртаните филмови ќе можат да ги одговорат

    Мики и Мини Маус биле венчани на и зад екраните. Вејн Алвин и Руси Тејлор, кои ги позајмувале гласовите на ликовите, биле во 18 години во брак, сѐ до смртта на Алвин во 2009 година. Овој податок сигурно успеа да извлече насмевка од вашето лице!

Во продолжение, погледнете ги и следниве 14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега.

 

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар