Квиз за сите модерни дами: Каков е вашиот стил на флертување?

Квиз за сите модерни дами: Каков е вашиот стил на флертување?

Дали секогаш оставате позитивен впечаток на првите љубовни состаноци или пак тремата и нервозата си го прават своето и не успевате да закажете втора средба? Овие 5 едноставни прашања ќе ви откријат сѐ што треба да знаете за вашите љубовни вештини…

Квиз за сите модерни дами: Кој е вашиот стил на флертување?

1. Кога симпатијата ќе ви понуди превоз, вие:

а) Го убедувате дека некој веќе доаѓа по вас

б) Го ставате палтото на седиште за да не се заразите од бактериите што се насобрале од претходните девојки кои сигурно ги возел

в) Инсистирате вие да возите

2. Како изгледа вашата модна комбинација за прв љубовен состанок?

а) Ролка во која ќе можете да се скриете секогаш кога ќе ви поцрвенат образите

б) Маица со смешен натпис

в) Задолжително ставате уникатен накит кој ќе ја заскокотка фантазијата на вашиот партнер

3. На романтична вечера нарачувате:

а) Суши. Ако немате одговор на некое прашање, брзо ќе можете да ја наполните устата со парче суши

б) Шпагети. Борбата со долгите тестенини е секогаш добра причина за смеа

в) Бифтек за двајцата. Без разлика дали вашата симпатија е веган, наскоро ќе мора да игра по вашите правила

4. Во текот на состанокот, во главата секогаш ви поминува прашањето:

а) Дали вашиот партнер може да забележи колку сте нервозни?

б) Дали сте претерале со саркастичниот коментар за неговата поранешна девојка?

в) Како му беше името?

5. Што кажувате обично на крајот од состанокот кога се разделувате со партнерот?

а) „Вози внимателно“

б) „Па, ова беше интересно…“

в) „Се надевам дека фаќаше белешки за наредниот состанок“

РЕЗУЛТАТИ

Најмногу одговори под а) – СРАМЕЖЛИВА

Дури и најсамоуверените девојки понекогаш стануваат нервозни на првиот љубовен состанок. Тремата е сосема нормална, но не дозволувајте да ви ја уништи вечерта. Покажете му на симпатијата дека знаете да преземете иницијатива така што ќе го одберете местото и времето за средбата. Доколку не знаете за што би можеле да разговарате, разгледајте го неговиот профил на социјалните мрежи. Тоа понекогаш знае да помогне.

Најмногу одговори под б) – САРКАСТИЧНА

Хуморот е одличен за кршење на мразот, немојте да бидете премногу остри или саркастични кон партнерот. Дајте му до знаење кога се шегувате, а кога сте сериозни, за да не предизвикате караница или да го натерате симпатијата да помисли дека сте изгубиле интерес за него.

Најмногу одговори под в) – ШЕФИЦА

Вие владеете со љубовните состаноци! Знаете да ја преземете главната улога што е многу секси во машките очи, но внимавајте состанокот да не се претвори во ваша претстава. Одржувајте динамика така што ќе му поставувате прашања и ќе се интересирате за тоа што му се случува во животот. На тој начин ќе го задржите во ваша близина.

Сега откако ги откривте вашите љубовни вештини, направете го и следниов љубовен квиз за да дознаете дали тој е вистинскиот за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар