Комплетен водич за праќање пораки

Најдоброто нешто за пораките е што не вклучуваат директен контакт со другите луѓе. Исто така и имате време да ги испланирате вашите шеги за секогаш да делуваат позабавно отколку што звучат кога ги кажувате во живо. Но, пораките исто така имаат и многу недостатоци. Тоа се случува затоа што луѓето многу често не ги знаат правилата и читаат меѓу редови. Токму затоа погледнете го овој комплетен водич за праќање пораки со цел подобро да се образувате во овој вид комуникација со вашите пријатели.

Комплетен водич за праќање пораки

Статистика

1. Најголемата низа последователни пораки кои можете да ги пратите се 4.

2. Бројот на емотикони во една порака не треба да биде повеќе од 5.

3. Повеќе од 6 луѓе во групна порака е непрактично. Во тој случај секоја вечер би имале домашна задача да ги читате сите разговори.

4. Можете да игнорирате порака до 48 часа, а потоа е веќе доцна за одговор.

5. Најсоодветно е да се користат максимум 3 извичници во една порака. Освен ако не станува збор за новороденче, нешто ептен неочекувано или застрашувачка сцена од серијата „Game of Thrones“.

6. Не споделувајте повеќе од 2 мемиња во текот на денот.

7. Не споделувајте селфи фотографии, тие веќе знаат како изгледате и нема потреба да имаат слика од вас на тоалетот.

8. Најчесто откако некој ќе ви пише „Тргнувам веднаш“, просечното време на излегување од дома од праќањето на таа порака е над 20 минути.

Најчесто поставувани прашања

П: Дали треба да ја вклучите опцијата која известува за прочитана порака?

О: Да. Ама само ако барате ефикасен начин да ги изгубите сите пријатели.

П: Дали луѓето сметаат дека не е во ред тоа што им одговарате побавно на нивните пораки отколку тие на вашите?

О: Да. Големи се шансите дека тие ќе ви се лутат доколку премногу време чекаат на одговор.

П: Дали е во ред да имате тим од советници кои ви помагаат при пишувањето на секоја порака наменета за вашиот симпатија?

О: Индивидуално, секој од вас е само една капка, но заедно сте океан. Токму затоа и да, во ред е.

П: Дали кога ќе добиете порака од непознат број, од личност која без сомнение ве знае, треба искрено да прашате кој е или пак, да зборувате сè додека не соберете доволно знаци за нивниот идентитет?

О: Продолжете со зборување. Не мора да признаете дека не сте го зачувале нивниот број.

П: Дали да ги завршувате пораките со точки?

О: Да. Но, само ако навистина ја мразите личноста со која комуницирате.

П: Дали да му/ѝ пишете на пијано на бившиот/бившата?

О: Не. Во никој случај не. Следното утро без сомнение ќе жалите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар