Направи сам: Прекрасни декорации од есенски лисја за вашиот дом

Летните денови нѐ одминаа, колку и да ни е тешко тоа да го прифатиме. Љубителите на есента секако може да пронајдат безброј убавини коишто ги нуди ова годишно време. Но, за оние коишто есента ја доживуваат на поинаков начин, овде нудиме неколку креативни идеи кои барем малку ќе ви помогнат со насмевка да ги поминете есенските денови.

1. Чинија од есенски лисја

Ова е една едноставна есенска декорација која може да придонесе за амбиентот во вашиот дом, а не бара многу труд, време и материјали. Сѐ што ви е потребно е балон, лепак и есенски лисја.

2. Рамка од есенски лисја

Декорирајте ги вашите рамки со есенски лисја. Едноставно: залепете различни лисја по површината на вашата рамка и внесете разнобојност во вашиот дом.

3. Чаршаф за маса со есенски дизајн

Пречекајте ги вашите омилени гости со рачно дизајниран чаршаф. Сѐ што ви е потребно за да ја остварите оваа идеја е:

  • Црвена, жолта, портокалова и бронзена боја
  • Бел чаршаф
  • Лисја
  • Четка
  • Лист хартија

Чекорите се следниве:

1. Одберете неколку различни лисја и добро измијте ги.

2. Постелете стар весник врз којшто ќе го поставите чаршафот, со цел да ви остане чиста вашата работна површина.

3. На лист хартија ставете по малку од сите бои. Поставете и друг лист хартија којшто ќе ви послужи како основа за боење на лисјата.

4. Одберете едно ливче и обојте го со четката. Бидете креативни: со сунѓер можете да нанесувате дополнителни бои по рабовите или по средината на листот.

5. Така обоеното ливче нежно притиснете го на местото од чаршафот каде што сакате да биде вашиот дизајн.

6. Повторете го ова со разни форми на лијса и во различни бои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар