Кое е вашето ниво на емпатија?

Кое е вашето ниво на емпатија?

Како што постојат тестови за коефициентот на интелигенција, постојат тестови и за емоционалната интелигенција, односно нивото на емпатија. Емпатијата претставува грижа за другите, и во добри и во лоши ситуации.

Кое е вашето ниво на емпатија?

Емпатијата е вештина што може да се развие преку свесноста. Со цел да го избегнете товарот што доаѓа со емпатијата, важно е да научите како да ја центрирате, да се заштитите, како и постојано да се грижите за себе.

На светот навистина му се потребни повеќе емпатични лидери, родители и луѓе во секоја професија. Емпатијата ни овозможува да ги разбереме другите, дури и кога не се согласуваме со нив. Таа ги надминува разликите и го отвора патот за комуникација со другите. Па, сигурно ве интересира кое е вашето ниво на емпатија. Тестот во продолжение ќе ви помогне да го откриете тоа.

Одговорете на следниве прашања со „Да“ или со „Не“.

1. Дали сте чувствителни кон другите, се грижите за нив и сакате дa им помогнете?

2. Дали слушате со вашето срце, а не само со вашата глава?

3. Можете ли да им направите простор на другите да ги искажат нивните емоции?

4. Можете ли да слушате без веднаш да добиете потреба да решите нечиј проблем?

5. Можете ли да давате и да добивате во интимните врски?

6. Дали сте интуитивни и чувствителни на туѓите потреби?

7. Дали се грижите за големото добро и доброто на Земјата?

Доколку одговоривте потврдно на 4 до 6 прашања, вашето ниво на емпатија е екстремно високо.

Ако одговоривте потврдно на 3 до 5 прашања, имате умерено ниво на емпатија.

Ако одговоривте потврдно на 1 до 2 прашања, имате ниско ниво на емпатија.

Без разлика на кое ниво се наоѓате, секогаш можете да ја развиете емпатијата, или да научите да се заштитите доколку го чувствувате нејзиниот товар.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека имате натпросечно ниво на емпатија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар