10 видови дрога што можеби растат во вашиот двор

Дали некогаш сте се запрашале што е чудното растение кое расте во вашиот двор? На следната листа ќе најдете неколку навистина чудни дроги кои во зависност од местото на живеење можете да ги најдете на утринската прошетка, па дури и во вашиот двор. Некои од овие растенија се потенцијално најопасните и најзастрашувачките супстанци, па најдобро е воопшто да не ги допирате.

1. Кадула

10 видови дрога што можеби растат во вашиот двор

Salvia divinorum изгледа како и секое нормално растение и спаѓа во родот нане. Но ако го ставите во вашето мохито, ќе добиете повеќе отколку што можете да издржите. Ако го џвакате или пушите, растението може да предизвика трпнење, губење на свесноста, па дури и гледање и слушање битија. Многу луѓе кои го пробале изјавиле дека почувствувале длабока поврзаност со природата, а расположението брзо им се подобрило. Но често има и несакани ефекти како дисфорија и целосен недостаток од човечка поврзаност. Интересно е што растението е легално во некои држави, иако повеќето се обидуваат да го контролираат.

2. Морско оревче

10 видови дрога што можеби растат во вашиот двор

Во големи дози, оваа супстанца може навистина да ви ја искриви свеста. Ако го вдишете, пушите или изедете, ефектите кои се споредуваат со оние на ЛСД, можат да траат и до два дена. Мислите дека звучи забавно? По 30 минути предизвикува гадење и повраќање, а може да предизвика и сериозни проблеми со срцето. Дури и уживателите на психоделичните супстанци го избегнуваат бидејќи ризиците навистина ги надминуваат пријатните ефекти.

3. Печурки

10 видови дрога што можеби растат во вашиот двор

Повеќето луѓе имаат слушнато за „магичните печурки“ кои ги обожавале хипиците од 1970-тите. Според наодите, луѓето ги користат овие печурки над 7.000 години, најчесто за религиски церемонии. Нивниот ефект често е нарекуван „буден сон“ и предизвикуваат смиреност, мир и прифаќање. Сепак, халуцинациите можат да тргнат на лошо и да траат и до 6 часа. Сигурно не сакате да живеете во хорор филм олку долго време.

4. Афион

10 видови дрога што можеби растат во вашиот двор

Опиумот се добива од семето на афионот и често се користи за производство на морфиум и хероин. Како што претпоставувате, нелегално е да го поседувате, но во некои држави можете да го одгледувате. Ефектите од опиумот вклучуваат подобрено расположение, намалување на депресијата и физичката неудобност и поради ова е една од супстанците што предизвикуваат најголема зависност. Штом ќе станете зависни, почнувате да губите сеќавања и да се соочувате со сериозна несоница. Смртните случаи поврзани со опиум не се поради предозирање, туку поради рак, болести на црниот дроб и висок крвен притисок. Најстрашното нешто е што предозирањето со опиум е слично како неговите психоделични ефекти, па халуцинациите и плиткото дишење се игнорираат. Ова може да заврши со кома, а понекогаш и смрт.

5. Татула

10 видови дрога што можеби растат во вашиот двор

Ова растение обично расте во Северна Америка и со векови се користи како домашен лек. Но неодамна се дознале и неговите халуциногени својства. Според некои истражувања, неговото консумирање предизвикува поотворено и послободно размислување и ја подобрува креативноста. Но проблемот е што кога сте под негово дејство, речиси и да не можете да направите разлика помеѓу реалноста и фантазијата. Уште пострашно е што ефектите можат да траат со денови, да предизвикаат слепило, параноја, па дури и инфаркт.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар