Истражување: Браковите стануваат посреќни со текот на времето

Истражување: Браковите стануваат посреќни со текот на времето

Социолошките, психолошките и емоционалните аспекти на бракот често се тема на истражувањата, а често немаат оптимистични резултати. Но, ова истражување спроведено на Универзитетот Беркли дава навистина позитивна слика.

Истражување: Браковите стануваат посреќни со текот на времето

Во истражувањето спроведено од страна на Роберт Леверсон, професор по психологија, учествувале 87 парови кои се во брак помеѓу 15 и 35 години. Психолозите ги набљудувале паровите во текот на 13 години, па димензијата што ја опфаќа истражувањето е задоволена. Покрај тоа, секој пар бил тестиран 3 пати на секои 5 до 6 години.

Истражувањето се спроведувало со снимање на приватните разговори за теми на кои паровите обично се сложуваат, а факторите за оценување биле потсвесни – бојата на гласот, изразот на лицето, изборот на зборови и слично. Според резултатите, првите неколку години од бракот се најтешки бидејќи се исполнети со прилагодување и очекување. Но подоцна нештата тргнуваат на подобро. Во подолгите бракови преовладуваат хумор, шеги и луди заеднички навики. Покрај тоа, се намалуваат критиките насочени кон партнерот и двајцата сопружници почнуваат да живеат како едно.

Научниците со овие докази ги побиле резултатите од претходна теорија, според која позитивните емоции избледуваат со текот на времето и остануваат само навиките. Научниците покажале дека со годините напредуваат бројни аспекти од бракот, но најголем напредок се покажал кај хуморот, ентузијазмот, меѓусебното почитување и слушањето. Покрај тоа, токсичните коментари и пасивната агресија значително се намалиле – мажите станале помалку бесни, а жените помалку воздржани.

Сепак, ова истражување не го срушило митот за „зрелата љубов“. Се покажало дека постарите парови поретко ја искажуваат љубовта вербално за разлика од помладите. Нивната љубов еволуира од страсна во партнерска, па воопшто не ја губи длабочината, но сепак е поразлична.

И ова истражување е отворено на неколку критики. Пред сè, бројот на испитаници е навистина мал за да се спореди со поголемиот број бракови, особено ако станува збор за други кругови, вери или културни позадини. Покрај тоа, во истражувањето не се вклучени истополови бракови или парови кои веќе минуваат низ криза.

Знаевте ли дека брачните партнери кои се и најдобри пријатели се посреќни во животот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар