Карактерот на вашиот партнер има големо влијание на вашата кариера

Карактерот на вашиот партнер има големо влијание на вашата кариера

Не треба да нè изненадува фактот дека нашиот приватен живот се одразува и на професионалниот. Исто така големо влијание има и како ќе го поминете утрото со партнерот пред да заминете на работа.

Карактерот на вашиот партнер има големо влијание на вашата кариера

Во текот на 5 години, истражувачи набљудувале 4.544 брачни парови, нивниот напредок во кариерата, распределбата на куќните обврски, поминувањето на заедничкото слободно време и нивното задоволство во врската. Исто така испитаниците направиле и тест на личноста кој бил насочен кон петте главни лични карактеристики – отвореност, совесност, соработка, екстровертност и невротичност.

Една од овие карактеристики се покажала како највлијателна врз потенцијалниот напредок во кариерата. Станува збор за совесноста. Причината е што совесните луѓе најчесто работат напорно, ги следат правилата и се уредни, организирани и одговорни.

Совесните луѓе се и способни да ги контролираат нивните внатрешни импулси, да го одложат задоволството и јасно им е дека ќе се чувствуваат подобро ако нешто завршат сега наместо да го одолговлекуваат.

Вработените луѓе кои имале совесен партнер заработувале повеќе и почесто добивале унапредување и покачување на платата, без разлика на работниот статус на нивниот партнер. Со други зборови, оние кои напредувале во кариерата биле во брак со совесни личности без разлика дали нивниот партнер одел на работа или бил дома.

Се покажало и дека полот немал никаква улога – и мажите и жените имале еднакви придобивки од совесниот партнер.

Најверојатно оваа особина е клучна бидејќи доколку имате партнер на кој можете да се потпрете, ќе се чувствувате многу порелаксирано во домот. Совесниот партнер ќе преземе некои од вашите обврски, кои во спротивно не би ви дозволиле да се посветите на работата. На овој начин ќе се ослободите од стресот, ќе имате повеќе време, а ќе имате можност понекогаш да работите и од дома. Со тоа дополнително ќе го зголемите вложениот труд во работата.

Исто така совесните луѓе ги делат обврските според способностите и желбите, наместо според полот. Психолозите се согласуваат во тоа дека во бракот постојат тешкотии да се усвојат позитивните особини на партнерот, како и совесноста. Ако вашиот партнер работи напорно, најверојатно атмосферата што ја создава ќе има влијание и на вас.

За крај, времето поминато со одговорна и совесна личност го зголемува задоволството во врската, а ова пак има влијание и на односот кон работата. Подобрата врска води кон подобар перформанс на работа. Кога нема проблеми во приватниот живот, можете да ѝ се посветите на работата, наместо постојано да се грижите за вашата врска или брак.

Погледнете и кои се карактеристиките на вашиот партнер што кажуваат многу за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар