Како лошиот избор на зборови може да ги повреди жените повеќе отколку што изгледа?

Надира Ангеил, професионалец по ментално здравје, која работи со бремени жени и нови мајки, има сретнато многу луѓе кои не сфаќаат колку е лична и приватна одлуката и можноста за раѓање деца. Но, повеќето луѓе не размислуваат за тоа кога ќе постават прашања на тие теми. За да ја илустрира штетата од непотребните коментари, Надира напишала неверојатно искрен и нежен текст, наречен „Гледај си ја твојата утроба“. Емотивниот текст го опишува животот на три жени, покажувајќи дека секогаш постои нешто повеќе од тоа што го гледате на површината.

Некаде има жена која на 30 години нема деца

Како лошиот избор на зборови може да ги повреди жените повеќе отколку што изгледа?

Луѓето ја прашуваат: „Сè уште немаш деца?“ Нејзиниот одговор варира од ден на ден, но обично вклучува присилени насмевки и воздржаност. „Не, сè уште не“, вели таа, криејќи ја својата фрустрација. „Па, не чекајте многу. Часовникот отчукува, да знаеш“, вели мудрецот пред да замине, среќен во себе што дал таква мудрост. Тој заминува, жената ја држи насмевката, а потоа плаче насамо.

Плаче затоа што таа 4 пати имала спонтан абортус. Плаче затоа што започнала да се обидува да има бебе уште на првата брачна ноќ, а тоа било пред 5 години. Плаче затоа што нејзиниот сопруг има деца од поранешната сопруга. Плаче затоа што очајно сака да се обиде со ин-витро, но веќе не може да си дозволи. Плаче затоа што повеќе пати направила ин-витро, но сè уште нема деца. Плаче затоа што нејзината најдобра пријателка не би сакала да биде сурогат-мајка. Плаче затоа што нејзините лекови ја спречуваат бременоста.

Плаче затоа што нејзиниот сопруг се обвинува себеси, а таа вина го прави човек со кој тешко се живее. Плаче затоа што сите нејзини сестри имаат деца, а едната од нив не ни сакала деца. Плаче затоа што нејзината најдобра пријателка е бремена. Плаче затоа што нејзината мајка постојано прашува: „Ќерко, што чекаш?“ Плаче затоа што свекрвата и свекорот сакаат да бидат баба и дедо. Плаче затоа што нејзиниот сосед има близнаци и ги третира ужасно. Плаче затоа што 16-годишници забременуваат без да се обидат. Плаче затоа што е неверојатна тетка. Плаче затоа што веќе избрала имиња и затоа што има празна просторија во нејзината куќа. Плаче затоа што има празен простор во нејзиното тело и затоа што може толку многу да понуди. Плаче затоа што тој би бил одличен татко, а таа одлична мајка, но не е.

Некаде на друго место постои жена која на 34 години има 5 деца

Како лошиот избор на зборови може да ги повреди жените повеќе отколку што изгледа?

Луѓето велат: „5? Се надевам дека сте завршиле!“ Ваквите видови коментари им се смешни на луѓето. Жената исто така се смее, но ја менува темата, како и секогаш. Кога е сама, таа плаче. Плаче затоа што е бремена со уште едно бебе и се чувствува како да мора да ја крие радоста. Плаче затоа што таа отсекогаш сакала големо семејство и не гледа зошто луѓето ги вознемирува тоа. Плаче затоа што нема браќа и сестри и се чувствувала осамено додека била дете. Плаче затоа што нејзината баба имала 12 деца и таа би сакала да биде како неа.

Плаче затоа што не може да си го замисли животот без своите деца, но луѓето ја третираат како тоа да е казна. Плаче затоа што таа не сака да биде сожалувана. Плаче затоа што таа и нејзиниот сопруг се способни да го издржуваат своето семејство, но тоа не е важно. Плаче затоа што другите ја сметаат за неодговорна. Плаче затоа што е уморна од „смешните“ коментари. Плаче затоа што понекогаш се сомнева во себе и се прашува дали би требало да има само 2 деца. Плаче затоа што луѓето се груби и затоа што сè што сака е да живее во мир.

Друга жена на 40-годишна возраст има само едно дете

Како лошиот избор на зборови може да ги повреди жените повеќе отколку што изгледа?

Луѓето велат: „Само едно? Не сакате уште едно?“„ Среќна сум со едно“, вели таа смирено, одговор што го дава повеќе пати отколку што може да изброи. Но, никој не би помислил дека кога е сама, таа плаче. Плаче затоа што нејзината бременост беше чудо. Плаче затоа што нејзиниот син сè уште бара брат или сестра. Плаче затоа што сакаше да има барем 3 деца. Плаче затоа што нејзината втора бременост мораше да биде прекината за да го спаси животот. Плаче затоа што нејзиниот лекар вели дека тоа е голем ризик. Плаче затоа што се бори да се грижи за детето што го има.

Плаче затоа што нејзиниот сопруг починал и таа не пронашла друга љубов. Плаче затоа што нејзиното семејство смета дека едно дете е доволно. Плаче затоа што е длабоко навлезена во својата кариера и не може да се оддалечи. Плаче затоа што нејзината постпородилна депресија беше многу интензивна. Плаче затоа што мораше да има хистеректомија и затоа што сака уште деца, но не може да има.

Овие жени ги има насекаде. Тие се нашите соседи, пријателки, сестри, соработници, братучеди. Тие немаат корист од нашите совети или мислења. Овие жени одлучуваат што ќе прават со својата утроба. Да го почитуваме тоа.

На прашањето кој е најдобриот одговор што жената што може да го даде на овие прашања, Надира одговорила дека тоа зависи од конфронтацијата. Таа смета дека жената може да биде директна и да каже дека тоа е грубо и несоодветно прашање, но не секој се чувствува пријатно да го каже тоа, особено на постарите членови во семејството. Во тој случај, можеби е подобро да се каже колку што е можно помалку. Ако некој ја праша жената кога ќе имаат бебе, таа би можела да одговори „Кога ќе дојде време за тоа“ и да ја смени темата. Но, никогаш немојте да се чувствувате присилени да споделувате приватни информации.

Прочитајте го и овој текст за жените кои сакаат да бидат храбри.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар