Како да направите свеќа од мандарина?

Како да направите свеќа од мандарина?

Мирисите се можеби најсилното нешто што нѐ потсетува на одредени луѓе и нѐ враќа назад во времето. Мирисот на мандарината сигурно ќе ве потсети на зима, Нова година или на новогодишна елка. Оваа свеќа е наречена „воена свеќа“ бидејќи за првпат била употребена во војна во јужна Италија. Како и да е, ова е многу прикладен начин да си направите свеќа која за миг ќе го обземе внатрешниот воздух во куќата со есенцијалните мириси на мандарина и маслиново масло.

Како да направите свеќа од мандарина

Потребно е:
  • мандарина
  • малку маслиново масло
  • запалка

Прво, со мало ноже расечете ја кората на мадарината во средината и излупете ги двата дела кои ќе се формираат со засекувањето.

Како да направите свеќа од мандарина

Во долниот дел од кората на мандарината каде има мало издигнување од жилите, т.н филиљ, не го отстранувајте затоа што тоа ќе ви помогне да ја запалите свеќата. Со ножето, внимателно направете мало дупче на горната кора за да може да пробива малото оганче низ лушпата.

Како да направите свеќа од мандаринаВо долниот дел од лушпата ставете малку (една мала лажичка) малслиново масло. Со запалка запалете го импровизираниот фитиљ од жилите на кората и поклопете го со горниот дел од лушпата.

Како да направите свеќа од мандарина

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. emilija Reply

    A da does ti da ja zapalis ako moze …

  2. Теодора Трповска Reply

    Еве како испадна мојата свеќа од мандарина која ја правев според напишаното. Сепак, излегува! Само треба да се проба да се направи.
    Поздрав.
    http://www.flickr.com/photos/26621093@N02/sets/72157625493807221/

    • Кафе пауза Reply

      Одлично изгледа.

  3. katerina Reply

    треба да се проба……….

Напиши одговор на emilija Откажи одговор