Изненадувачки психолошки факти кои ќе ви откријат интересни карактерни тајни

Човечкиот мозок произведува од 12.000 до 50.000 мисли во текот на денот. Тоа самото по себе е неверојатно! Но, сè уште не знаеме што сè е способен нашиот мозок да направи. Во продолжение ви претставуваме неколку интересни психолошки факти кои откриваат особини што можеби и вие ќе ги препознаете кај себе.

1. Заборавеноста е знак за висока интелигенција

Добрата меморија изгледа дека е една од нашите најсилни и најпозитивни одлики. Но, научниците потврдиле дека заборавањето е исто толку важно како и запомнувањето. Лошата меморија е всушност механизам за ослободување место за порелевантни информации и овозможување мозокот да не троши место и енергија.

2. Одбивањето може да се доживее како физичка болка

Неврологијата открила дека одбивањето боли исто како физичка болка. Реакцијата за емоционалната и физичката болка се многу слични, и во двата случаи се ослободува истата природна хемиска реакција.

3. Црвено-зелена и сино-жолта – бои кои постојат, но ние не можеме да ги видиме

Црвено-зелена боја постои и не е кафена или она што може да се види кога би ги измешале овие  две нијанси. Исто така, жолтеникаво-сината не е зелена. Доколку се обидете да ги замислете овие бои, можеби нема да можете затоа што немате појдовна основа во вашиот мозок. Но, тие навистина постојат и се наречени „забранети бои“. Ние едноставно не можеме да ги видиме и тоа е нормално поради особеностите на човечкото перципирање на боите.

4. Стабилноста ги гасне вашите мозочни центри за учење

Ако се жалите дека вашиот живот е нестабилен, треба да знаете дека тие услови ви помагаат да се подобрите како личност. И тоа е одлично! Научниците потврдија дека ако не сте надвор од вашата удобна зона, вие не учите.

5. Можете да запомните околу 3-4 работи одеднаш

Воопшто не изненадува фактот што ги забораваме дури и важните работи кои треба да ги направиме кога имаме голема листа на задачи. Ние сме способни да запомниме само 4 нешта одеднаш. И тоа е научно докажано!

6. 85% од тоа што сме загрижени дека ќе се случи всушност никогаш не се случува

Научниците докажале дека мислите кои се негативни и само си ги замислуваме, скоро никогаш не се остваруваат. Во едно истражување, луѓето требале да ги запишат нивните грижи за подолг временски период. По проверката, околу 85% од нештата за кои субјектите биле загрижени никогаш не се случиле.

7. Колку сме посреќни, толку помалку спиење ни е потребно

Колку сте посреќни, толку помалку сон ви треба за да функционирате нормално секојдневно. Изгледа тагата ја зголемува потребата за подолго спиење, додека пак, среќата функционира на спротивен начин.

8. Силните емоции можат да создадат лажни сеќавања

Нашата меморија е многу покршлива отколку што мислиме. Ние сме многу подложни на грешки и некои сугестии можат да активираат лажни сеќавања. Во еден експеримент, 25% од сите испитаници биле наведени да веруваат во лажно сеќавање дека како деца еднаш биле изгубени во трговски центар.

9. Вашите фобии можат да бидат сеќавања пренесени низ гените од вашите предци

Сеќавањата и некои фобии можат да бидат пренесени од една генерација на друга низ генетски промени. Ако не знаете или немате ниту една причина поради која би се плашеле од пливање, тоа можеби било пренесено од вашите предци.

10. Луѓето се поискрени кога се уморни

Кога сте физички уморни вие не сте внимателни со вашите зборови. Ова е нормално и исто така е причина зошто луѓето признаваат многу работи во текот на ноќните разговори. Исто така на луѓето полесно им е да лажат во попладневните часови затоа што тогаш имаат повеќе контрола. Доколку сакате да зачувате тајна, подобро е да немате долги ноќни разговори со вашите пријатели.

11. Трошењето пари за другите ве прави посреќни

Трошењето пари е исто толку важно колку и нивното заработување, но посебно важно е трошењето пари за другите. Тоа може да има позитивно влијание на вашата среќа отколку трошењето за себеси. Секако, не би смееле потполно да заборавиме на самите нас, а да се грижиме само за другите.

12. Луѓето помеѓу 18 и 33 години се најмногу под стрес

Според истражувачите, луѓето се најмногу под стрес од 18-тата до 33-тата година од животот. После 33-тата година нивото на стрес почнува да се намалува. Жените исто така изјавуваат дека доживуваат повеќе стрес од мажите.

13. Тие што лажат подобро се подобри во откривање лаги

Психолошките и невролошките теории укажуваат дека оној што може да лаже совршено е исто толку добар и во откривањето на лагите. Тајната на овие луѓе е во нивната способност да мислат за тоа што некој други можеби размислува.

14. Потребни се само 4 минути за да се сфатиме дека некој ни се допаѓа и да се заљубиме

Потребни се помеѓу 90 секунди и 4 минути за да одлучиме дали некој нè привлекува. Но, тоа не е поврзано со разговарањето. Ние тоа го дознавме преку говорот на телото и тонот на гласот. Само 7% е преку тоа што го изговараме.

15. До 90% од луѓето страдаат од фантомски симптом на вибрирање

9 од 10 луѓе го имаат овој синдром. Тие мислат дека нивниот мобилен телефон им вибрира во џебот, а всушност ништо не се случува.

16. Колку повеќе избори имате, толку е помалку веројатно дека ќе направите избор

Ова се нарекува „Парадокс на изборот“. Експертите објаснуваат дека доколку мноштвото избори се зголемува, почнуваат да се појавуваат негативни аспекти. Се мисли дека слободата на изборот нè парализира.

17. Чоколадото може да ве направи посреќни од вљубувањето

Научниците изјавуваат дека еден ред чоколадо ги поттикнува сензациите кои носат повеќе задоволство отколку слушањето на вашата омилена музика, добивање лото или вљубување. Доказите кои го докажале ова се содржани во детекторите кои ги следеле промените на активноста во површината на мозокот.

Дали овие факти се доволно занимливи? Во колку од нив можете да се пронајдете? Прочитајте ги и овие корисни психолошки факти кои секојдневно ги гледаме, но не ги забележуваме.

Автор: Наталија Наумовска

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар