6 митови за човечкото тело во кои треба да престанеме да веруваме

6 митови за човечкото тело во кои треба да престанеме да веруваме

Можеби овој податок ќе ви звучи чудно, но просечниот човек знае многу малку за сопственото тело. Луѓето не се виновни за тоа, бидејќи популарната култура постојано наметнува непроверени факти за здравјето, исхраната, сексот и сѐ друго и тие завршуваат на веродостојни сајтови, па дури и во учебниците. Во продолжение дознајте кои се 6-те најголеми митови за човечкото тело во кои треба да престанете да верувате…

1. Мит: Седењето блиску до телевизор ќе ви го наруши видот

Кога сте биле деца, сигурно сте седнувале со скрстени нозе „залепени“ до телевизорот, додека вашите родители не ве искарале и не ви кажале да станете, бидејќи гледањето телевизија одблизу ќе ви ги „расипе“ очите.

6 митови за човечкото тело во кои треба да престанеме да веруваме

Вистина: Доколку сте седеле премногу блиску до телевизорот и подоцна требало да носите очила, немојте да го обвинувате телевизорот. Веројатноста е дека отсекогаш сте имале проблеми со видот, па затоа сте седеле блиску до телевизорот, а не обратно. Не постојат научни докази дека телевизорот може да ви ги оштети очите доколку седите на мало растојание од него. Гледањето во телевизискиот или компјутерскиот екран може да ви ги оштети очите, но тоа не се случува затоа што екранот ви го нарушува видот, туку затоа што кога многу се концетрирате на нешто, трепкате поретко и очите се заморуваат. Правете паузи од екраните одвреме-навреме и нема да имате никаков проблем.

2. Мит: Здравите заби треба да се блескаво бели

Секоја паста за заби што ја купувате ветува барем две работи: Свеж здив и бели заби. Жолтите заби ги сметате за непривлечни и верувате дека се знак на лоша хигиена.

6 митови за човечкото тело во кои треба да престанеме да веруваме

Вистина: Можеби белите заби изгледаат привлечно, но тие се исто толку природни колку и силиконските гради. Всушност, природната боја на човечките заби е жолта. Секако дека прекумерното пиење кафе и пушење цигари може да ги направи потемни, исто како и нередовното миење, но белите заби не значи дека се здрави. Доколку очајно се обидувате да ги исчеткате забите за да станат бели, само ќе ги оштетите. Тврдите четки за заби ги уништуваат надворешните слоеви на забите и со тоа ги прават послаби. Истото важи и за третманите за белеење. Идејата за насмевка со блескаво бели заби е наметната од популарната култура и претставува нереалистичен критериум за убавина.

3. Мит: Превиткувањето на јазикот е наследна особина

Можеби сте го чуле ова во основно училиште кога наставниците се обидувале да ви објаснат како функционира генетиката. Доколку можете да го свиткате јазикот во форма на туба, тоа значи дека еден или двајцата ваши родители ја имаат истата бескорисна супер моќ.

6 митови за човечкото тело во кои треба да престанеме да веруваме

Вистина: Во 1950-тите биле направени истражувања кои докажале дека превиткувањето на јазикот не е наследна особина, туку нешто што може да се научи. Резултатите покажале дека 54% од децата на возраст од 6-7 години можат да го превиткаат јазикот, а тој процент се зголемува на 76% кога станува збор за 12-годишни деца. Тоа значи дека децата во слободно време, кое го имаат на претек, вежбаат да прават трикови со јазикот додека не ги научат. Овој мит потекнува од статија објавена во 1940 година која возбудено тврдела дека била пронајдена нова наследна особина кај луѓето – превиткување на јазикот.

4. Мит: Косата и ноктите продолжуваат да растат некое време по смртта

Овој бизарен мит е толку распространет што многумина постојано поставуваат прашања обидувајќи се да објаснат зошто се случува тоа. Се спомнува и во многу филмови и книги, па така луѓето почнале да веруваат дека косата и ноктите навистина продолжуваат да растат и по смртта.

6 митови за човечкото тело во кои треба да престанеме да веруваме

Вистина: Краткиот одговор на ова прашање е не, не растат. За да продолжат да растат, на косата и ноктите им се потребни хранливи материи, кислород и циркулација на крвта, односно трите работи што никако не можат да се забележат кај мртвите тела. Оваа идеја датира од Првата Светска војна поради еден пасус во романот „Сѐ е тивко на Западниот фронт“ (All Quiet on the Western Front) кој гласи:

„Ме погодува фактот што овие нокти ќе продолжат да растат како извонредни ѕидни растенија уште долго време откако Кемерих ќе го изгуби последниот здив.“

Единственото логично објаснување за верувањето во овој мит е тоа што по смртта телото почнува да се суши и собира и кожата се повлекува од ноктите и косата на таков начин што делува како тие да стануваат подолги, а трупот всушност се смалува. Луѓето кои го забележале ова можеби помислиле дека косата и ноктите навистина растат.

5. Мит: Рамните стапала се телесен деформитет и склони се кон повреди

Доколку имате рамни стапала, сигурно во детството ве терале да носите ортопедски влошки или да одите боси по песок и камења. Рамните стапала се сметаат за деформитет уште од Втората Светска војна кога илјадници потенцијални војници биле одбиени само затоа што го имале ова нарушување, а се верувало дека рамните стапала се склони кон повреди.

6 митови за човечкото тело во кои треба да престанеме да веруваме

Вистина: Она што генералите не го знаеле е дека рамните стапала се помалку склони кон повреди за разлика од оние со нормален лак. Тоа било докажано во 1989 година, откако биле проучени стапалата на 300 војници. Вистината е дека стапалата со нормален лак повеќе страдаат од повреди, како што се шинување и набивање на коските.

6. Мит: Доколку спортувате, одбегнувајте секс пред важен натпревар бидејќи тоа ќе ги намали вашите атлетски способности

Идејата дека сексот влијае на атлетските способности владее во светот на спортот до таа мера што тренерите им забрануваат на нивните играчи да бидат сексуално активни понекогаш дури и цел месец пред важен натпревар. Овој мит се има појавено и во многу филмови како што се „Роки“ и „Карате кид“. Од некоја причина, ова правило важи само за мажите. Во женските спортови се верува дека сексот го зголемува нивото на тестостерон и ним не им е забрането да имаат секс. Па, зошто сексот ги прави жените посилни, а мажите послаби? Нема никаква смисла!

6 митови за човечкото тело во кои треба да престанеме да веруваме

Вистина: Овој мит бил докажан како лажен во 1995 година кога Универзитетот Јеил спровел истражување на 11 мажи и го тестирал нивниот спортски перформанс кога апстинирале од секс и кога биле сексуално активни. Резултатите покажале дека не постои никаква разлика. Не можат да се обвинат луѓето што веруваат во овој мит, бидејќи тој потекнува уште од античкиот период кога античките Грци кои учествувале во Олимписките игри верувале дека ако имаат секс ќе останат без енергија и ќе им се намали нивото на агресија. Единствениот начин на кој сексот може да влијае на спортскиот перформанс е ако цела вечер сте останале будни затоа што сте имале секс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар