Истражување: Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од инфекција

Истражување: Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од инфекција

Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од развој на потежок облик на ковид-19, според истражувањето на британскиот „Биобанк“, регистар што го следи здравјето на испитаниците.

Истражување: Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од инфекција

Научниците анализирале податоци од над 400.000 луѓе вклучени во истражувањето.

Од сите испитаници, 973 од нив развиле тешка форма на ковид-19 откако биле заразени со коронавирусот, поради што морале да бидат хоспитализирани.

Луѓето што се движеле бавно имале најголем ризик да добијат ковид-19, без оглед дали се слаби или имаат вишок килограми.

Луѓето со нормална тежина кои оделе бавно – помалку од 4,8 километри на час, имале двојно поголема веројатност да развијат тежок облик на ковид-19 во споредба со лицата со нормална тежина кои оделе со брзина поголема од 6,4 километри на час.

Личностите што одат бавно честопати имаа и други здравствени нарушувања.

Брзината на движењето често се користи за да се тестира физичкиот капацитет кај возрасните луѓе и да се предвидат ризиците од заболување, инвалидитет и смрт.

Исто така, споредено со луѓето со нормална физичка тежина, оние со вишок килограми имале 49% поголем ризик за развој на тежок облик на ковид-19.

Прочитајте зошто се верува дека цинкот може да ја спречи заразата со коронавирусот и како да го користите.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар