5 бесплатни апликации што ги обожаваат сите мајки ширум светот

Ако некогаш сте се прашувале како мајките успеваат да постигнат сè, верувајте ни, не сте единствени. Одговорот лежи во неисцрпната грижа и љубов што тие ја чувствуваат за своите деца, во комбинација со неколку трикови што им го олеснуваат секојдневието. Еден од овие трикови вклучуваат апликации од коишто секоја мајка има корист. Па, ако и вие имате потреба од мала помош на дневно ниво, тогаш симнете ги овие бесплатни апликации што целосно ќе ви го трансформираат животот.

1. White Noise Baby

Спиењето во одредени периоди со бебе може да изгледа како недостижен сон. За наша среќа, постојат голем број начини на коишто можете да го заспиете вашето дете, а еден од најефикасните е тој со шумовите. Оваа апликација ги содржи токму тие звуци што ќе му помогнат на вашето бебе полесно да заспие и поцврсто да спие.

2. Child Medical History

Оваа апликација ви дава можност да ги забележувате сите посети на доктор, како и сите видови симптоми и состојби што би можеле да му се појават на вашето најмало. Вие можете да ги забележувате и промените во тежината, како и лековите што биле користени, но исто така и да прочитате бројни совети за заштита на здравјето на вашето дете.

3. 7 minute Workout

Станува збор за најдобрата фитнес апликација во светот. Иако повеќето мајки би сакале да одвојат многу повеќе време за вежбање, нивните обврски едноставно не им го дозволуваат тоа, па токму тука и доаѓа користа од оваа апликација што вклучува 7-минутни вежби на ден. Тие се толку добро составени, што можат да ви заменат и цел час поминат во теретана.

4. Period Diary

Иако постојат многу различни видови апликации за следење на менструалниот циклус, оваа се истакнува по тоа што е најбогата (и бесплатна). Во апликацијата можете да ги запишувате сите симптоми, да планирате секојдневни активности, како и да ја следите вашата бременост. Таа исто така има опција и да ве потсетува на контрацептивните таблети, како и да ве предупредува пред да ви почне циклусот.

5. Cookpad

Оваа апликација е базирана на илјадници вкусни рецепти. Со нејзина помош, вие не само што ќе имате голем избор за ручеци, туку и секогаш ќе знаете точно што ќе јадете дента. Со оваа апликација можете да ги следите и своите омилени автори, да ги споделувате најдобрите рецети и да направите колекција од рецепти што секогаш ќе ви биде достапна.

Намалете го стресот и подобрете си го секојдневието: Погледнете ги и најдобрите бесплатни апликации за медитација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар