Интересни факти: Сѐ што не сте знаеле за дијамантите

Дијамантите се најдобрите пријатели на жената и со својата убавина пленат веќе со векови. Тие се статусен симбол, а најчесто ги красат вереничките прстени и скапите ѓердани и бразлетни. Познатите дами ги обожаваат, но и обичните жени не може да му одолеат на овој скапоцен камен кој со својот сјај едноставно маѓепсува. Заради својата убавина, чистота и неуништливост, дијамантите заслужија да се најдат на листата на интересни факти кои треба, на некој начин, да ги разоткриете.

1-interesni-fakti-sѐ-shto-ne-ste-znaele-za-dijamantite-www.kafepauza.mk_

Најтврд метал на Земјата

Дијамантот е скоро неуништлив и невозможно е да го здробите и скршите дури ниту со најтврдиот чекан. Интересно е дека дијамантите се појавиле пред три милијарди години под Земјината површина, а само 20% се користат за правење накит. Останатите 80% се користат во индустријата.

„100-годишен дијамант“

Еден од најголемите и модерно брусени дијаманти тежи 273,85 карати, додека основата од која бил создаден тежела неверојатни 600 карати. Тој е во власништво на Британската круна. Денес само неколку земји ги поседуваат скоро сите светски залихи на овој скапоцен камен, а помеѓу нив се Русија, Ангола, Намибија, Заир, Австралија, Боцвана и Јужноафриканската Република.

Посебности

Дијамантите може да издржат неверојатен притисок. Всушност, може да поднесат притисок како тежината на Ајфеловата кула, а да не се оштетат. Звучи неверојатно, но дијамантот може да се оштети или уништи само на температура од 700 степени Целзиусови.

2-interesni-fakti-sѐ-shto-ne-ste-znaele-za-dijamantite-www.kafepauza.mk_

Интересни факти:

1. Познатиот музичар Акон поседува рудник за дијаманти во Јужна Африка.

2. Еден неверојатен податок ни доаѓа од историските записи и вели дека дијамантот прв пат бил користен за острење секири.

3. Постои ѕвезда од дијаманти во вселената. Наречена е Луси (заради песната „Lucy In The Sky With Diamonds“) и оддалечена е од Земјата 50 светлосни години.

4. Зборот „дијамант“ потекнува од грчките зборови „адамас“ и „адамантос“, што значи непобедлив.

5. Ако вистинскиот дијамант го осветлите со ултравиолетова светлина, ќе свети неколку секунди во темница.

3-interesni-fakti-sѐ-shto-ne-ste-znaele-za-dijamantite-www.kafepauza.mk_

6. Дијамантите се отпорни на киселини и бази.

7. Графитот во обичниот молив е направен од јаглен, исто како и дијамантот, бидејќи и едниот и другиот се алотропски модификации на јагленот.

8. Првиот дијамантски веренички прстен го добила Марија од Бургундија од својот вереник Максимилијан.

9. Според традиционалното Хинду верување, треба да ги избегнувате дијамантите со недостатоци или лошо обработените дијаманти, бидејќи како што се верува, носат несреќа.

Погледнете кои се најпознатите дијаманти низ историјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар