Индија – патување кое ќе ве остави без зборови

Индија – патување кое ќе ве остави без зборови

Индија е една од најубавите земји во светот. Сместена во Јужна Азија, оваа неверојатна земја е родно место на најстарата цивилизација. Најстарите човечки остатоци се најдени токму во Индија, а датираат од пред 30.000 години. Оваа земја е и дом на величествениот Таџ Махал, мавзолејот на Мумтаз Махал која била жена на царот Шах Џахан. Индија е земја со богата историја која би заинтригирала секого и разновидна култура ишарана со неверојатни и прастари обичаи кои и ден-денес се почитуваат. Како таква, Индија е секојдневно посетувана од милиони луѓе кои доаѓаат од целиот свет за да се опијат барем малку од неверојатниот шмек на оваа неверојатна земја.

(1)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mk

Ако сѐ уште размислувате зошто да ја посетите Индија, следниве причини сигурно ќе ве убедат.

1. Разновидната култура

Индија нуди единствен бран на разновидни култури. Потпирајќи се на повеќе од 5.000 години постоење, оваа земја е лулка на цивилизацијата. Од времето на махараџите (царевите), па сè до денес, оваа земја е испреплетена со воодушевувачка историја која ја красат културите на четирите главни религии кои опстојуваат таму: хиндуизам, будизам, џаинизам и сикизам. Индија е дом на повеќејазично и мултиетничко општество кое ќе ве одведе на патување кое не се опишува со зборови.

(2)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mk

2. Единствениот вкус на храната

Дефинитивно едно од најуникатните доживувања во Индија е единствениот вкус на храната. Почнувајќи од пребогата муглајска кујна на северот, слатките кои се топат во уста на истокот, наанот и ротисот на западот и конечно доаѓајќи до зачинетиот вкус на југот, индиската храна ќе направи да се чувствувате постојано гладни за повеќе. Полн стомак и исполнета душа, ќе посакате да останете таму засекогаш.

(3)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mk

3. Шарените материјали

Шаренилото на Индија ќе го видите и почувствувате каде и да се свртите додека шетате по улиците на оваа прекрасна земја. Најубавите материјали и најуникатните дезени никого не оставаат рамнодушен, па од секого можат да направат зависник од купување. Бидете подготвени да се вратите со 2-3 торби повеќе, бидејќи комбинацијата од индиските бои и индиските цени е неверојатно привлечна.

(4)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mk

4. Гостопримството

Топли и мили, луѓето во Индија ќе ви покажат целосно друга страна на гостопримството кое го знаете. Секогаш има место за уште еден човек во автобусот, секогаш ќе се најде уште еден кревет во и така малата колиба и секогаш ќе има да се одвои малку храна за гостинот дури и кога не го барате тоа од нив. Секогаш подготвени да ви помогнат и секогаш со отворени врати, дури и ако сте налетале на семејна прослава. Топлината и љубезноста на Индијците и силните прегратки на малите деца ќе ви го стоплат срцето и ќе ви го разубават денот како што ништо друго не може да го направи тоа.

(5)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mk

5. Животот во Индија

Под индиското небо сѐ е можно. Фестивали, знаменитости, сафари – романтика и авантура сплотени во едно додека го правите секој следен чекор низ оваа фасцинантна земја. Поинакво од сѐ што ви е познато досега и надалеку позабавно од што и да имате друго на ум, Индија ќе ги исполни сите ваши очекувања и повеќе. Ќе ве однесе на патување кое се доживува само еднаш во животот и ќе ги оствари сите ваши соништа, дури и оние кои не сте знаеле дека ги имате.

(6)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mk

6. Градовите и селата

Улиците на Индија ќе ви понудат уникатно искуство и поглед на индискиот народ и култура. Прегусто населените градови, хаосот по улиците по кои се движат од луѓе до велосипеди, автомобили и, секако, слонови и крави, вкусните деликатеси и украси кои се продаваат насекаде околу вас – сето ова е дел од едно неверојатно доживување додека се губите низ звуците и мирисот на индиските градови. Хаосот и буката на Индија се токму тие кои ќе ве привлечат и освојат со својот единствен шарм.

(7)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mk

7. Плажите и планините

Она што ја комплетира целата слика на Индија се прекрасните плажи и планинските прибежишта. Гледајте го зајдисонцето на југот во Кануакумари или брцнете ги нозете во Хималајската река која е толку ладна што ќе ви дојде да вриснете. Сѐ на сѐ, индиската топографија ќе ви го одземе здивот.

(8)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mk

8. Спиритуалноста

Двете најраспространети религии во Индија се хиндуизмот и будизмот. Сакале или не, Индија ќе ве поздрави со единственото намасте (поздравот со споени дланки и поклонување) и ќе ве натера да се поврзете со она во кое верувате длабоко во себе. Индијците се големи верници и почитувачи на обичаите, па бидете подготвени на секој чекор да се сретнете со изведување на некој ритуал кој ќе го збогати вашето искуство и ќе ве научи нешто повеќе за Индија и индискиот народ.

(9)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mk

9. Модернизмот наспроти старомодноста

Иако каде и да погледнете, обичаите и културата на Индија се оние кои ќе ве освојат, вашиот престој таму може да биде и повеќе од задоволителен. Доколку не сте заинтересирани за единственото искуство кое ќе го добиете со преспивањето кај некое индиско семејство, секогаш може да се сместите во некој од модерните хотели и престојувалишта, како и интересните и шарени одморалишта извајани на модерно-индиски начин. Технологијата не е далеку од Индија, па пристапот до телефони и интернет е овозможен секаде освен во одредени мали села. Во поглед на превозот, секогаш може да се качите во автобус, такси или да изнајмите кола и шофер кои ќе ве однесат каде и да посакате и сето тоа по доста поволни цени.

(10)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mk

10. Убавината на градовите и знаменитостите

Шармот на Индија е единствен по својата природа. Селата, градовите, патиштата, знаменитостите, природните богатства и единствената култура се сите дел од едно неверојатно искуство кое ќе го носите со себе засекогаш. Па кога сте веќе таму, не пропуштајте да ги посетите: Таџ Махал (Агра), езерото Пангонг (Ладак), мостовите од живи корени (Мегалаја), Чадар – смрзнатата патека покрај река, Островите Андаман, Ран – најголемата солена пустина во светот, плажата Ганапатипуле (Махараштра), езерото Цомго (Сиким), индискиот град на духови Бангар, планинското место Кашмир, егзотичната Гоа, Палатата на ветрови (Џаипур, Раџастан), магичната Керала, историјата на Делхи, пештерите Аџанта (Аурангабад), долината Нубра и многу други кои неминовно ќе ве освојат.

(11)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар