Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед со своја женска долна облека

Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед со своја женска долна облека

Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед, кој настапува во англиската Премиер лига, ја пушти во продажба својата брендирана долна облека за жени. Во серијата, која ги симболизира црно-белите пруги од дресот на тимот, има танга-гаќички, градник, подвезици, хулахопки, боксерки и ноќница.Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед со своја женска долна облекаТие договорот го склучиле со специјалистите за фудбалска долна облека „Premier Lingerie“, а парчињата со нивното лого ќе се продаваат во официјалните продавници на клубот. Ова е втор клуб после Вулверхемптон, кој склучил ваков договор, за произведување брендирана долна облека. Клубот Вест Хем во 2009 година, во продажба пушти ограничена количина долна облека инспирирана од Кети Пери, која на доделувањето на Ем-ти-ви наградите се појави во долна облека во боите на клубот, поради нејзиниот маж Расел Бренд, кој е голем обожавател на лондончани.Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед со своја женска долна облекаПол Робинсон, директорот на „Premier Lingerie“ изјавил:
.

Среќни сме што ќе работиме со Њукасл Јунајтед. Тоа е многу голем клуб со огромен број обожаватели. Со Вулверхемптон имавме одличен фидбек од фановите, па уверен сум дека и овој пат ќе биде така.

Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед со своја женска долна облека.

Голем број клубови го ставаат своето лого на розови женски маички, но тоа не е доволно. Многу клубови не прават ништо секси за своите женски обожаватели, но ние сме тука, токму поради тоа. Големите клубови од Премиер лигата, како што се Манчестер Јунајтед и Челзи, не нудат брендирана долна облека во своите клупски продавници, а во другите лиги од Европа, само Реал Мадрид од Шпанија го прави тоа.

Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед со своја женска долна облека

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Ана Reply

    сакам рамен стомак у пм… 🙂

Напиши одговор на Ана Откажи одговор