Фотографии што покажуваат колку се променил Берлин низ годините

Фотографот познат како ReFilm.io, веќе половина година секој ден излегувал надвор и одново правел стари фотографии од Берлин. Започнал да го прави ова со цел подобро да ја разбере баналноста на секојдневниот живот, и покрај екстремните историски периоди. Многу „сидрa“ во пејзажот, како куќи и дрва, помагаат да направите мост до друго време и полесно да се поврзете со луѓето кои живееле тогаш.

„Наоѓањето на точната позиција, каде што друга личност ја направила фотографијата пред многу години е вистинска страст за мене. Се надевам дека ќе уживате во резултатите исто колку и мене!“

1. Музејот „Алтес“ (1936/2019)

Фотографии што покажуваат колку се променил Берлин низ годините

Фотографијата од 1936-та година го прикажува Адолф Хитлер како држи говор на 1-ви мај. Денот на трудот бил преименуван во „Национален празник на Германците“, од страна на нацистите. Иако многу се сменило оттогаш, можете да ги забележите дамките на столбовите и на двете фотографии, што кажува дека сепак и не поминало толку многу време.

2. Возење велосипед (1986/2018)

Фотографии што покажуваат колку се променил Берлин низ годините

Оваа локација е десно на североисточниот излез од станицата Moritzplatz. Старата фотографија ја прикажува западната страна од Берлинскиот ѕид.

3. Повторно обединување (1979/2018)

Фотографии што покажуваат колку се променил Берлин низ годините

Кранот, оградата и преносливите тоалети на фотографијата од 2018-та година се остатоци од прославите на 3-ти октомври за повторното обединување на Германија. Фотографијата од 1979-та е направена 10 години пред ова обединување.

4. Воена штета во 80-тите (1984/2019)

Фотографии што покажуваат колку се променил Берлин низ годините

Огромни делови од Берлин останале во поствоена состојба речиси 50 години. Оваа фотографија ја прикажува една од најпопуларните локации за туристи. Убавиот плоштад во срцето на Берлин бил оштетен за време на Втората светска војна. Бил реконструиран помеѓу 1976 и 1993 година.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар