Цитати од легендарниот Леонардо ДиКаприо кои ќе ве придвижат напред - Part 3

Цитати од легендарниот Леонардо ДиКаприо кои ќе ве придвижат напред

Цитати од легендарниот Леонардо ДиКаприо кои ве придвижат напред

„Луѓето сакаат да се однесуваш како налудничав, разгален тинејџер, кој е надвор од секаква контрола. Тие сакаат да бидеш мизерен, исто како што и самите тие се. Тие не сакаат херои, она што сакаат е да видат како не успеваш.“

„Браќата не мораат да си кажат ништо еден на друг. Тие можат да седат во иста соба, да бидат заедно и сосема удобно да им е во тишината.“

„Во поголемиот дел од времето, чувствувам дека ми треба да имам некој покрај себе, кога се чувствувам осамено. Но, и покрај тоа, сепак можам да излезам на крај со моето сопствено друштво, а тоа ме прави посилна личност.“

„Сакам да се пикнете себеси во ќош и да не си дадете ниеден друг избор, освен успех. Нека последиците од неуспехот бидат толку лоши и незамисливи за вас, што нема да имате никаков друг избор, освен да направите сè што е потребно за да успеете.“

„Кога бев млад, сакав да видам буквално сè. Си мислев: ‘Како би можел да умрам еден ден, без да го видам секој сантиметар од овој свет?’“

„Сакам да правам нешта коишто ме плашат. Бев на скокање со банџи, но летање со падобран е најкул нешто!“

„Секогаш имам чувство како да се возам на луда железница, од којашто не сакам да се симнам. Чувството е, како да си малку хај цело време!“

„За да го работам ова што го работам, морам да ја одржувам мојата страст во животот.“

„Никогаш не ме биваше за училиште. Не можев да останам фокусиран на нешта, коишто не сакав да ги учам и не ме интересираа.“

„Мојот татко, Џорџ има извршено влијание врз изборите коишто ги правам во животот, кога станува збор за филмовите. Сакам да глумам улоги коишто ги преземаат шансите во животот, коишто кажуваат нешто различно или експериментираат. Растејќи со него, јас без окружен од различни уметници, не само актери или продуценти туку и поети, автори и карикатуристи.“

„Мерил Стрип прави работи, коишто никогаш не сум ни помислил дека се возможни… Нејзиното присуство на екраните е извонредно.“

„Вчерашниот освоен Оскар ми претставува неверојатна чест, но воедно ова е и многу важна шанса да покренам повеќе внимание за климатските промени. Минатата година беше најжешката во запишаната историја. Климатските промени се реални и се најстрашната криза којашто му е позната на светот и се случува во моментов. Мораме да ги поттикнеме лидерите коишто не зборуваат за корпоративни интереси, туку зборуваат за нас, за децата на нашите деца и за оние чии гласови не можат да бидат слушнати. Преземете акција!“

„Не знаев во каков тип на филмови сакам да глумам. Само знаев дека сакам да правам нешто различно. Си давам доста време за секоја улога да ја изведам како што треба.“

„Секоја со којшто сум, мора да ми даде слобода. Сакам да бидам со некоја којашто има карактер, сопствен стил и огромно разбирање.“

„Јас пораснав кога имав 15 години, кога ја имав мојата прва прилика да глумам во филмови. Го изгледав секој добар филм што постои во текот на една година ипол и оттогаш се прашувам како би можел да ја имитирам таа моќна уметност. Тоа е мојата вистинска мотивација. Сакам да направам нешто подеднакво добро, како што имаат направено моите херои.“

„Интересниот дел од шоубизнисот, е тоа што посетуваш различни држави, заедно со твоите пријатели и сето тоа е платено од страна на студиото.“

„Секој пат кога сме занесени од љубовта кон некоја личност, имаме безброј причини да веруваме дека таа е вистинската личност за нас. Тоа не мора да е некоја навистина добра причина. На пример, може да биде моментот кога сте правеле фотографии од вечерното небо. Е сега, на долг рок, истите причини коишто првенствено сте ги сакале, се претвораат во најглупавата, иритирачка навика, којашто ќе доведе до раскинување. Но, во љубовната магла, таа личност изгледа како е да сè што сте посакувале во животот.“

„Кога бев мал живеев во гетото на Холивуд – тоа беше најодвратното место на коешто може да живее човек. Без познат како лудото, мало дете. Правев имитации. Подоцна, сфатив дека не сакам да го правам повеќе тоа. Не сакав да бидам комедијант, со цел да ги задоволам другите луѓе.“

„Последното нешто што би сакал, е еден ден да се претворам во дебел холивудски кретен. Израснав со малку пари и бев среќен. Не мислам дека треба цел живот да вложувам во постигнување успеси и заработување пари и да завршам алчен и со голема, дебела глава. Тоа само води кон несреќен живот. Сè уште можам да бидам корисен и способен.“

Прочитајте ги и овие 10 мудри животни лекции од Ема Вотсон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар