10 мудри животни лекции од Ема Вотсон

Актерката која ја започна својата кариера со познатиот филмски серијал „Хари Потер“, денес е активен борец за еднаквоста и човековите права. Таа смета дека и жените и мажите треба да уживаат еднакви социјални и политички можности и дека секој ја мери својата вредност само по достигнувањата и делата кои ги прави во својот живот. Во продолжение, неколку мудри животни лекции од незаменливата Ема Вотсон.

10 мудри животни лекции од Ема Вотсон

„На младите девојки им се вели дека мораат да бидат чувствителни принцези. Хермиона ги научи дека можат да бидат воини.“

„Ако сакате да се кандидирате за функцијата премиер, вие можете. Ако не можете, и тоа е убаво. Бричете ги пазувите, не бричете ги, носете балетанки денес и високи потпетици утре. Овие работи се толку нерелевантни и површни и би било убаво кога луѓето не би се преокупирале со нив. Сакаме да ги поттикнеме жените да го прават тоа што сакаат да го прават, да бидат свои и да имаат шанса да се развиваат.“

„Најтажната работа која девојката може да ја направи е да се направи поглупава за момчето.“

„Немојте никому да дозволите да ви кажува што можете или што не можете да направите и постигнете. Правете го тоа што сакате и бидете тоа што сакате да бидете.“

„И мажите и жените треба да бидат слободни да бидат чувствителни. И мажите и жените треба да бидат слободни да бидат силни. Време е сите да почнеме полот да го гледаме како спектар, наместо како две спротивни идеали.“

„Возбудена сум за стареењето. Повеќе ме интересираат жените кои не се совршени. Тие се многу понеодоливи.“

„Не сакам другите луѓе да одлучат која сум. Таа одлука сакам да ја донесам сама за себеси.“

„Немојте да се чувствувате глупаво ако не сакате нешто за што сите се преправаат дека го сакаат.“

„Целиот концепт на идејата ‘да се биде секси’ за мене е срамотен и конфузен. Кога ќе имам снимање, луѓето очајно сакаат да ме променат: Да ми ја осветлат косата, да ми ги средат веѓите, да ми ги поправат шишките. Потоа тука е и изборот на облеката. Знам дека сите сакаат фотографија од мене во мини здолниште. Но, тоа не сум јас.“

„Мислам дека е во ред да бидам платена исто толку колку и моите машки колеги. Мислам дека е во ред сама да донесувам одлуки за своето тело. Мислам дека е во ред кога жените се вклучени во политиката и одлуките кои ќе влијаат врз мојот живот. Мислам дека е во ред ако социјално уживам еднаква почит како и мажите.“

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар