Чува бесценето богатство: Дали е ова најубавото складиште во светот?

Чува бесценето богатство: Дали е ова најубавото складиште во светот?

Колекцијата на музејот „Бојманс Ван Беунинген“ во Ротердам, Холандија е многу позната. Вклучува повеќе од 150 000 уметнички дела собрани во последните 170 години од постоењето на музејот, вклучувајќи дела од големи мајстори, како што се Рембрант, Моне, Ван Гог, Сезан и Салвадор Дали.

Чува бесценето богатство: Дали е ова најубавото складиште во светот?

За жал, во музејот може да се видат само осум проценти од тие уметнички дела. Останатите биле распоредени во неколку небезбедни уметнички складишта на кои им се заканувале поплави. За да се заштити ова уметничко богатство од распаѓање, изградено е депото „Бојманс Ван Беунинген“.

Станува збор за зачудувачка зграда во Музеумпарк во Ротердам која е на шест ката и е висока 39,5 метри, има изглед на џиновска чинија и е изработена од челик и бетон. Фасадата на зградата, пак, е покриена со многубројни огледала во кои се рефлектира целиот град.

Депото „Бојманс Ван Беунинген“ зафаќа околу 15 000 квадратни метри и е изградено според идејата на холандската архитектонска фирма МВРДВ.

Воедно, тоа е првото уметничко складиште во светот што нуди можност за разгледување на 99 проценти од зачуваните експонати. Исто така, посетителите може да добијат увид во процесот на обновување вредни предмети, пакување уметнички дела и подготовки за транспорт.

На покривот на депото има шармантна градина со 75 брези и прекрасен поглед на градот Ротердам.

Чува бесценето богатство: Дали е ова најубавото складиште во светот?

Чува бесценето богатство: Дали е ова најубавото складиште во светот?

Чува бесценето богатство: Дали е ова најубавото складиште во светот?

Погледнете го овој заборавен руски Мачу Пикчу што изгледа како да преживеал апокалипса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар