Бил Козби – доза остроумност и хумор

Обидот да се извлечат најдобрите цитати од Бил Козби, покрај неговата остроумност, неминовно носи и извесна доза хумор. Некои од неговите мисли се извлечени од неговите ТВ серии, некои од неговата книга посветена на татковството, но во сите нив преовладува токму тој, таков каков што го познаваме.

Бил Козби - остроумност и хумор

„Еднаш му реков на едно момче: ‘Што е тоа што кокаинот го прави толку добар?’ Тој ми одговори: ‘Ја интензивира личностa’. Го прашав: ‘А што ако си будала?’“

„Без оглед на тоа колку смирено сакаш да судиш, родителството понекогаш произведува многу чудно однесување, но не зборувам за децата. Нивното однесување секогаш е нормално.“

„Седата коса се графитите на Господ.“

„Воспитувањето деца е неверојатно тешка и ризична работа во која мудроста не се наследува: секоја генерација ги повторува грешките на претходната.“

Бил Козби - остроумност и хумор

„Староста секогаш е на петнаесет години од сега.“

„Поетите рекле дека причината поради која имаме деца е да си дадеме себеси бесмртност. Бесмртност? Сега кога имам пет деца, единствената надеж ми е дека сите ќе си заминат од дома пред да умрам“.

„Жените не сакаат да слушнат што мислиш. Тие сакаат да слушнат што тие мислат, но со подлабок глас.“

Бил Козби - остроумност и хумор

„Сексуалното образование во училиштата е добра идеја, но мислам дека на децата не треба да им даваат домашни задачи.“

„Дали некогаш сте виделе муштерии во продавниците за здрава храна? Бледи се, слаби и изгледаат полумртви. Онаму каде што се служи стек можеш да видиш само крупни луѓе со румени образи. Тие бавно умираат, се разбира, но изгледаат прекрасно.“

„Внучето е награда од Господ за одгледувањето деца.“

„Јас не сум шефот во мојот дом. Не знам како ја загубив таа функција, не знам кога ја загубив, не знам ни дали некогаш сум ја имал. Но знам каква е работата на шефот… и не ја сакам!“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар