Водолија и девица – пријателска комбинација

Водолија и девица – пријателска комбинација

Водолијата секогаш е расположена за создавање пријателства со длабоки и интелигентни личности, а девицата дефинитивно спаѓа во оваа категорија. Од друга страна, никој не може да создаде повеќе турбуленции во животот на девицата од водолијата. Во суштина, принципиелната девица ги обожава овие слатки „вознемирувања“ кои водолијата ѝ ги предизвикува, бидејќи длабоко во себе, тежнее по малку повозбудлив живот.Водолија и девица – пријателска комбинацијаДевицата премногу се грижи за некои ситни работи кои водолијата воопшто не ја тангираат. Така на пример, девицата секогаш мора да носи совршено испеглана облека, косата мора да ѝ е убаво исчешлана, а книгите во домашната библиотека да ѝ бидат подредени по азбучен ред. Наспроти ова, водолијата ќе има среќа, ако воопшто може да пронајде две чорапи кои се од истиот пар.

Точно е тоа дека на девицата средувањето на хаосот околу неа ѝ создава задоволство. Но, откако ќе заврши со средување, се чувствува малку празно. Во тој момент, долетува веселата водолија предложувајќи ноќно капење или планинарење на -10 степени. Дали на водолијата некогаш ќе ѝ успее да ја натера девицата да прави будалштини? Најверојатно не, но таа ќе ужива да ги гледа откачените активности на водолијата, од страна.

Доколку можат да ги надминат нивните разлики, овие двајца може да имаат задоволувачко пријателство. Двајцата се бистри и интелигентни личности, кои најверојатно би уживале разговарајќи за разни фиктивни теми, како на пример какви технолошки, социјални и еколошки промени можат да се случат во иднина. Од физичките активности, најмногу би им одговарале спортови кои ќе ги подигнат од земјата и ќе ги вивнат во небото, како планинарење, летање со падобран, скијање, возење скутер на вода и слично.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар