9 „факти“ во кои е време да престанете да верувате - Part 2

9 „факти“ во кои е време да престанете да верувате

5. Црната дупка навистина е дупка

9 факти во кои е време да престанете да верувате

Многу луѓе веруваат дека црните дупки се навистина дупки. Вистината е дека тие се вселенски објекти со многу голема гравитација од која не може да избега ни светлината. Само телескоп може да пронајде црна дупка и да им помогне на луѓето да споредат како се однесуваат ѕвездите во нејзина близина во однос на останатите ѕвезди.

6. Марс е црвен

9 факти во кои е време да престанете да верувате

Многумина мислат дека Марс навистина е црвена планета. Во 1970-тите леталото на НАСА Viking 1 стана првото што слета на површината и направи неколку фотографии. Фотографиите покажаа дека планетата има сино небо, а не розово. Денес од НАСА изјавуваат дека делови од Марс се всушност сини и сиви.

7. Монт Еверест е највисоката планина на светот

9 факти во кои е време да престанете да верувате

Речиси сите се убедени дека Монт Еверест е највисоката планина во светот. Ова е вистина ако предвид се зема само надморската височина. Ако се мери целата височина на планината, вклучувајќи го и делот под вода, Монт Еверест ја губи оваа позиција. Мауна Кеа, вулкан на Хаваите има височина од 4,2 километри над водата и основа од 5,6 километри под вода.

8. Безбедни сте во автомобил за време на грмотевици

9 факти во кои е време да престанете да верувате

Постои верување дека сте безбедни во автомобил за време на грмотевици поради гумените тркала. Но, ова е само мит. Вашиот автомобил може да биде добро место за криење, но само затоа што е направен од метал. Овој вид заштита функционира само ако се затворени вратите и прозорците.

9. Сахара е најголемата пустина во светот

9 факти во кои е време да престанете да верувате

Ако прашате кој било која е најголемата пустина, најверојатно ќе ви каже Сахара. Причината е тоа што кога помислуваме на пустина обично замислуваме безживотна екстремно жешка површина со многу песок. Но, пустина е секоја површина со многу малку врнежи. Во тој случај, најголемата пустина на светот е Антарктикот.

Дали знаете кои се митовите во коишто веруваме поради моќта на рекламите?

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар