10 митови во кои веруваме поради моќта на рекламите

Рекламите се оние кои ја остваруваат продажбата. Но тие исто така нè манипулираат. Рекламите многу често ја прикриваат вистината со цел да го натераат потрошувачот да го купи производот. Погледнете некои од најголемите заблуди кои постојат токму поради рекламите.

1. Цитрусните овошја се најдобриот извор на витамин Ц

Вистината: Шипинките имаат околу 650 милиграма витамин Ц на 100 грама. Портокалите и лимоните имаат само 60 милиграма на 100 грама. Дури и бабурите имаат повеќе витамин Ц – 250 милиграма на 100 грама.

Како се појавил митот: До 1908 година, индустријата за портокали губела многу. Производителите не успевале да ја продадат целата берба. Тогаш Алберт Ласкер добил одлична идеја – реклама во која предлагаат да се прави сок од портокали кој е добро да се пие наутро како извор на витамин Ц.

2. Потребно е да ја запросите партнерката со дијамантски прстен

Вистината: Всушност, не мора да ѝ дадете ништо кога ја запросувате.

Како се појавил митот: Слоганот „Дијамантите се вечни“ ќе го најдете речиси секаде. Како резултат на ова, по 1947 година, едноставниот јаглерод кој го има во изобилство на Земјата почнал да се смета не само за елитен подарок, туку и за средство за запросување.

3. Картичките за роденден мора да бидат заедно со подарокот

Вистината: Не е потребно.

Како се појавил митот: До почетокот на 20-тиот век, овие картички се испраќале само по пошта. Благодарение на рекламната кампања на Hallmark, тие почнале да се даваат лично како неизбежен дел од подарокот.

4. Треба да ставите многу паста за заби на четката

(4)10-mitovi-vo-koi-veruvame-poradi-reklamite-kafepauza.mk

Вистината: Доволно ви е паста со големина на зрно грашок.

Како настанал митот: Секој мит се појавил за да ја зголеми продажбата, а производителите на паста за заби не се исклучок. Сигурно сте забележале дека на секоја реклама за паста, пастата ја нанесуваат по целата глава на четката. Ова изгледа поубаво, но така ќе трошите и ќе купувате повеќе паста. Всушност, кога станува збор за оралното здравје, многу е поважно како си ги четкате забите отколку самата паста.

5. Дедо Мраз е измислен од Кока Кола

Вистината: Првиот уметник кој ја направил модерната слика на Дедо Мраз бил Томас Наст, на крајот на 19-тиот век.

Како се појавил митот: Дедо Мраз е прототип на св. Никола кој изгледал многу различно на старите честитки – свештеник со зелена зимска наметка. Во 1931 година, од Кока Кола направиле рекламна кампања за да си ја зголемат продажбата во текот на зимата. Нивниот Дедо Мраз го создал Хадон Сендблом, и иако не е прва, оваа слика била најуспешна.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар