7 познати личности кои се вљубиле во животните со кои работеле и одбиле да се одвојат од нив

Софи Тарнер и Зуни, Том Харди и Роко, Крис Еванс и Доџер… Понекогаш познатите личности имаат животни како свои филмски партнери, но тие толку многу се зближуваат, па потоа е едноставно невозможно да се разделат.

7 познати личности кои се вљубиле во животните со кои работеле и одбиле а се одвојат од нив

Еве листа на познати личности кои останувале со своите „колеги“ од животинскиот свет и по снимањето на филмот.

1. Софи Тарнер и Зуни од „Игра на тронови“ („Game of Thrones“)

7 познати личности кои се вљубиле во животните со кои работеле и одбиле а се одвојат од нив

Хаската со име Зуни, која ја играла улогата на волчицата Лејди во филмот „Игра на тронови“, не успеала да ја сними ниту втората епизода и останала без работа и без дом. Но, Софи Тарнер (Санса Старк) одлучила да ја посвои, бидејќи многу се поврзала со Зуни за време на снимањето. Како што објаснува Тарнер, додека растела таа отсекогаш сакала куче, но нејзините родители никогаш не дозволувале да има миленик.

2. Вил Смит и Аби од „Јас сум Легенда“ („I Am Legend“)

7 познати личности кои се вљубиле во животните со кои работеле и одбиле а се одвојат од нив

Не се само гледачите тие што се вљубија во кучето кое во филмот „Јас сум легенда“ се вика Сем, а го игра женката од видот германски овчар со име Аби – истото му се случило и на Вил Смит! Тие толку многу се приврзале за време на снимањето, па одвојувањето потоа се чинело невозможно!

3. Џејмс Ган и Орео од „Чувари на галаксијата“ („Guardians Of The Galaxy“)

7 познати личности кои се вљубиле во животните со кои работеле и одбиле а се одвојат од нив

Режисерот на „Чувари на галаксијата“, Џејмс Ган, станал толку добар пријател со ракунот со име Орео, кој бил жив модел за ликот наречен „Ракета ракун“. Ган и Орео дури се појавиле заедно и на црвениот тепих за време на премиерата на филмот!

4. Том Харди и Роко од „Солза“ („The Drop“)

7 познати личности кои се вљубиле во животните со кои работеле и одбиле а се одвојат од нив

Веројатно знаете дека Том Харди е голем обожавател на кучиња. Всушност, една од главните причини зошто тој сакал да ја добие улогата во филмот „Солза“, била зошто главниот лик спасува напуштено кутре кое се вика Роко. По излегувањето на филмот, Том го посвоил Роко и  според фотографиите од папараците, тој го носи кучето каде и да оди. Роко се појавува и на Инстаграм профилите на актерот доста често!

5. Ед О’Нил и Бриџит од „Модерното семејство“ („Modern Family“)

7 познати личности кои се вљубиле во животните со кои работеле и одбиле а се одвојат од нив

Кога ликот на О’Нил во „Модерно семејство“ ќе добие француски булдог по име Стела, тој веднаш се вљубува во него. Истото му се случило и во реалниот живот, па О’Нил и за време на сетовите се грижел за кученцето – чие вистинско име е Бриџит. Таа е родена е на улица и е напуштена од семејството кое ја вдомило. Ја спасила агенцијата за снимање со животни, па по снимањето на филмот таа си пронашла и сопствен дом.

6. Крис Еванс и Доџер од „Надарени“ („Gifted“)

7 познати личности кои се вљубиле во животните со кои работеле и одбиле а се одвојат од нив

Ѕвездата од  „Avengers“ Крис Еванс за првпат го запознала својот филмски партнер  Доџер на сетот на „Надарени“ во 2017 година. Како што споделува Крис, тој станал најдобар пријател со спасеното куче кое било мешавина од расата боксер и оттогаш се неразделни.

7. Брендон Фрејзер и Пекас од „Тексашки трки“ („Texas Rising“)

7 познати личности кои се вљубиле во животните со кои работеле и одбиле а се одвојат од нив

На снимањето на филмот „Тексашки трки“ во Мексико, некои од коњите кои биле дел од снимањето имале проблеми на еден посебен коњ наречен Пекас. Брендон го забележал тоа и го однел Пекас дома. Подоцна коњот, покрај со актерот, силно се приврзал и со неговиот син.

Можеби сакате да дознаете и кои 13 актерки бремени снимале филмови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар