7 дестинации во Грција што треба да ги посети секој фан на филмот „Мама миа!“

Ако барате идеја за летниот одмор, зошто да не направите листа со дестинации инспирирана од некој филм? Нашиот јужен сосед има бројни прекрасни локации, а доколку сте вистински фан на филмот „Мама миа!“ посетете ги овие седум.

1. Скопелос

7 дестинации во Грција што треба да ги посети секој фан на филмот „Мама миа!“

Овој остров е една од примарните локации од првиот филм, па ќе можете да рекреирате многу од омилените сцени. Штом ќе стигнете на брегот ќе бидете воодушевени од светло сината вода и сигурно ќе препознаете некои места.

2. Скијатос

7 дестинации во Грција што треба да ги посети секој фан на филмот „Мама миа!“

До Скопелос се наоѓа уште еден остров на кој е сниман филмот. Веројатно знаете дека без разлика на тоа кој грчки остров ќе го посетите, искуството ќе биде убаво. Секое место има неверојатни градови, зеленило и прекрасна морска храна. Оваа локација е најпозната по нејзините плажи и богатиот ноќен живот. Додека сте овде сигурно ќе сакате да ги посетите плажите Банана и Лаларија.

3. Санторини

7 дестинации во Грција што треба да ги посети секој фан на филмот „Мама миа!“

Голема е веројатноста Санторини веќе да се наоѓа на листата на места што сакате да ги посетите. Ако го барате совршениот период за да го посетите ова место, направете го тоа ова лето. Ќе уживате во неверојатните зајдисонца и ќе одите на шопинг во бројните продавници. Ова место е како од друг свет, па ако сакате нереална дестинација, Санторини е одличен избор.

4. Миконос

7 дестинации во Грција што треба да ги посети секој фан на филмот „Мама миа!“

Иако филмот не е сниман на Миконос, штом ги шетате грчките острови не смеете да го изоставите овој. Овде можете да ги посетите некои од најдобрите забави на плажа, а ноќниот живот нема да ве разочара.

5. Крф

7 дестинации во Грција што треба да ги посети секој фан на филмот „Мама миа!“

Крф е дестинација каде што ќе ги искусите архитектурата и историјата во центарот на градот. Во текот на денот посетете ги местата како палатата Ахил или музеите во кои можете да научите нешто. Како и останатиот дел од Грција, и овде има прекрасни плажи и добар ноќен живот.

6. Родос

7 дестинации во Грција што треба да ги посети секој фан на филмот „Мама миа!“

Сите грчки острови се романтични, но најдобрата атмосфера ќе ја најдете во Родос. Од сите острови, овој е еден од најголемите и има голем број плажи и вили.

7. Крит

7 дестинации во Грција што треба да ги посети секој фан на филмот „Мама миа!“

Со неколку патеки за планинарење, бесконечни базени и крстарења, никогаш нема да ви биде здодевно на Крит. Покрај тоа, ќе се чувствувате како навистина да сте дел од филмот „Мама Миа!“.

Погледнете ги и овие неверојатни острови во Европа за кои повеќето луѓе не знаат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар