5-те најдобри дестинации од источна Европа за оваа есен

3. Москва, Русија

(7)5-te-najdobri-destinacii-od-istochna-evropa-za-ovaa-esen-kafepauza.mk

Иако не постои лош период за посета на овој град, сепак има нешто посебно во Москва за време на септември, октомври и ноември. Покрај познатите атракции како Црвениот плоштад, Кремлин или паркот Горки, во есента Москва нуди и други работи. Еден од најпознатите есенски настани е отворањето на фестивалот „Круг на светлина“. Во последната недела од септември, најпознатите згради во Москва се претвораат во платно за дигитална и визуелна уметност. Користејќи проекции, ласери, светлина и оган, уметниците од цел свет прикажуваат слики, филмови и анимации.

(8)5-te-najdobri-destinacii-od-istochna-evropa-za-ovaa-esen-kafepauza.mk

Оние пак кои повеќе уживаат во видео игрите, можат да ја посетат изложбата за видео игри наречена „Игромир“, која е отворена последната недела од септември.

(9)5-te-najdobri-destinacii-od-istochna-evropa-za-ovaa-esen-kafepauza.mk

Кога станува збор за класична уметност, во септември и октомври се одржуваат рекорден број изложби. За есента 2017 година, закажани се преку 100 изложби.

4. Бања Лука, Босна и Херцеговина

(10)5-te-najdobri-destinacii-od-istochna-evropa-za-ovaa-esen-kafepauza.mk

Познат по бројните паркови и градини, Бања Лука може да не ви биде прв избор за посета, но токму ова го прави поинтересен. Откако ќе ја посетите древната тврдина Кастел, можете да присуствувате на многу културни настани во градот. Еден од најпознатите настани е „Ноќта на истражувачите“, серија од бесплатни работилници од разни области на науката. Ги одржуваат професионалци, но и студенти на технички факултети, хемија, математика и физика.

(11)5-te-najdobri-destinacii-od-istochna-evropa-za-ovaa-esen-kafepauza.mk

Друг важен настан е Интернационалниот фестивал за анимирани филмови. Иако оваа индустрија постои од 1960-тите во Бања Лука, фестивалот почнал да се одржува пред само 10 години. Сепак, овде се прикажуваат најпознатите и најуспешните анимирани филмови од Европа.

(12)5-te-najdobri-destinacii-od-istochna-evropa-za-ovaa-esen-kafepauza.mk

Овој град нуди нешто и за љубителите на уметноста – Музејот за модерна уметност. Оваа година ќе има изложба на познатиот Грејсон Пери, и тоа од 7-ми септември до 10-ти октомври.

5. Братислава, Словачка

(13)5-te-najdobri-destinacii-od-istochna-evropa-za-ovaa-esen-kafepauza.mk

Ова е еден од најпосетуваните градови во Европа. Покрај познатите замоци и катедрали, Братислава изобилува со културни настани како Џез фестивалот и Интернационалниот филмски фестивал.

(14)5-te-najdobri-destinacii-od-istochna-evropa-za-ovaa-esen-kafepauza.mk

Основан во 1975, словачките џезери го направиле фестивалот за џез еден од најголемите во светот, а секоја година бројот на изведувачи се зголемува.

(15)5-te-najdobri-destinacii-od-istochna-evropa-za-ovaa-esen-kafepauza.mk

Како што завршува Џез фестивалот, така почнува Филмскиот фестивал. Овде се појавуваат актери од целиот свет вклучувајќи ги Раде Шербеџија, Џорџ Клуни и Шарлот Генсбур. Оваа година публиката ќе може да одбира помеѓу 100 филмови кои ќе бидат прикажани на фестивалот.

Погледнете ги 7-те дестинации кои мора да ги посетите оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар