5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквост

5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквост

На денешниот свет многу повеќе му треба праведност отколку еднаквост. Иако овие два збора често се користат во ист контекст, сепак се разликуваат. Додека еднаквоста е исто третирање на сите, праведноста значи секој да го добие она што му е потребно за успех. Погледнете како всушност се разликуваат овие поими.

1. Секој има свои предности и недостатоци5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквост

Ако натерате професионален шахист да се натпреварува со планинар во искачување, можеби натпреварот ќе ви изгледа фер бидејќи и двајцата треба да го направат истото. Но во реалноста овој натпревар е далеку од фер. Додека планинарот ќе има предност во натпревар каде што се тестира физичката издржливост, шахистот би дал подобри резултати ако се тестира логиката. Токсично е да споредувате нечии недостатоци со вашите предности и обратно.

2. Поважно е да ги третирате луѓето праведно отколку еднакво

5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквост

Во општество каде што никој не е еднаков, давањето сосема исти можности на сите не е од корист. Силните и слабите треба да бидат поддржувани во зависност од нивните способности. На пример, болната личност ќе има многу поразлични потреби од здравата. Еднаквото третирање на сите е далеку од праведно. Овој концепт го поддржувал и Карл Маркс кој сметал дека секој треба да работи колку што е способен и да добива колку што му треба. Односно, на луѓето им се потребни разни работи во разни пропорции со цел да напредуваат.

3. Еднаквоста не може да се постигне дури ни во утопија

5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквост

Утопија за сите, без разлика колку убаво звучи, е нешто невозможно. Не затоа што е невозможно на сите да им е се даде ист старт, туку затоа што ова не гарантира еднаков исход. Од друга страна, обидот да ги направите сите еднакви сигурно ќе предизвика незадоволство.

Професорите Лис Бордо Лепаж и Жан Mари Уриот сметаат дека утопијата не може да постигне социјална правда. Тие сметаат дека правилата кои го поддржуваат создавањето на утопијата ќе го спречат патот до праведноста.

4. Праведноста ги мотивира луѓето, а не еднаквоста

5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквост

Замислете си фабрика за светилки. Ако сите работници ги третирате еднакво, тоа значи дека ќе добиваат иста плата без разлика на количината и квалитетот на светилките што ги направиле. Ова значи дека работникот не може да го изгуби работното место ако произведе премалку светилки со добар квалитет. Во овој систем работниците би го изгубиле интересот за работата бидејќи никој нема да го цени нивниот труд.

Марк Шешкин, научник од Универзитетот Јејл, истакнал дека иако на протестите и социјалните мрежи доминираат слогани за еднаквост, повеќето луѓе всушност сакаат малку нееднаквост. Како што изјавил самиот:

„Треба да целите кон праведна нееднаквост, а не кон неправедна еднаквост.“

5. Луѓето ја сакаат нееднаквоста, сè додека е праведна

5 причини зошто на светот не му е потребна еднаквост

Психолозите Алекс Шо и Кристина Олсон направиле експеримент за да ја тестираат ова хипотеза. Собрале група деца на возраст од 6 до 8 години. Им кажале за две момчиња, Дени Марк, кои ги исчистиле нивните соби. Како награда, момчињата добиле гуми за бришење. Тие добиле 5 гуми, па било невозможно да ги поделат еднакво. Децата од истражувањето едногласно ја поддржале идејата да се фрли петтата гума наместо да си ги поделат нееднакво. Тие се согласувале со ова дури и откако им кажале дека Ден и Марк нема да знаат колку гуми добил другиот.

Изгледа како овие одговори да рефлектираат желба за еднаквост, но всушност покажуваат желба за праведност. Децата претпоставиле дека Ден и Марк вложиле ист труд за да ја исчистат собата. Кога Шо и Олсон им кажале на децата дека Ден работел повеќе од Марк, тие се согласиле Ден да добие три, а Марк две гуми. Со други зборови, се согласиле со нееднаквоста бидејќи била праведна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар