5 моќни причини зошто класичната музика треба да биде дел од вашето секојдневие

Ако сметавте дека класичната музика е нешто што ќе ви се допаѓа откако ќе наполните 60 години, тогаш има големи шанси да пропуштате искуства кои можат да ве стимулираат и да го подигнат вашето ниво на енергија како ништо друго на овој свет. Погледнете ги следниве неколку причини зошто би требало секојдневно да слушате класична музика и обидете се да ја вметнете во вашиот дневен распоред. Којзнае, можеби пријатно ќе се изненадите од нејзината моќ.

5 моќни причини зошто класичната музика треба да биде дел од вашето секојдневие

1. Традиција

Класичната музика ја слави традицијата. Станува збор за жанр кој не се срами од своите корења и не се извинува за своето наследство. Дури и современата класична музика е инспирирана од делата во минатото. Всушност, модерните оркестри сè уште користат голем дел од инструментите чие потекло е од 16-ти век!

За жал опсесијата со најновите трендови често може да ги направи луѓето цинични за своето минато. Да се биде „во тренд“ станува важно, што често ги занемаруваме наградите од вчерашните искуства. Но, време е да се навратите малку наназад и да ѝ дозволите на класичната музика да ја заврши својата работа и да ви помогне да станете подобри од кога било претходно.

2. Трпение и фокус

Му даваме на виното доволно време да се претвори во неверојатниот пијалак кој толку многу го обожаваме, но зошто не сакаме да ѝ го посветиме потребното внимание на класичната музика за да можеме да ја добиеме шансата да бидеме допрени од нешто возвишено? Зошто да немаме отворен ум за сè во нашиот живот, туку сме задоволни само со познатото?

Класичната музика може да ви помогне да го задржите вашиот фокус на работата која моментално ја работите, како и да ви го зголеми трпението, особено за важните нешта во животот. Постојат толку многу придобивки од секојдневното слушање на овие ремек-дела што по некое време едноставно ќе почнете да се запрашувате како сте успевале да преживеете претходно, без нив.

3. Симфонично размислување

Класичната музика ни помага да постигнеме нешто што се нарекува „симфонично размислување“. Додека типичната поп песна трае околу 3, 4 минути, типичната симфонија е околу 25-40 минути. И не е сè околу траењето, туку начинот на кој композиторите и изведувачите се фокусираат на суптилностите. Во оваа музика постои еден вид емоционална и интелектуална комплексност која бара многу, но и која многу дава.

Многу ретко во симфониите можете да најдете црно-бело. Многу ретко искуството е еднодимензионално. Симфониите, со нивната длабочина и широчина, нè поттикнуваат да го прошириме нашиот поглед, како и да развиеме поголема свесност. Со насочувањето кон поголемата слика, ние почнуваме да го гледаме животот на сосема поинаков начин.

4. Вистинска колаборација

Доволно е да слушате кој било оркестар, хор или друг вид класично музичко дело за да видите како навистина изгледа тимската работа. За да постигнете единство во изразувањето, додека свирите со различни инструменти, и се потпирате на различни индивидуални стилови, не е лесна работа. Но, во класичната музика постои еден уникатен вид единство, нешто што ве тера да почувствувате дека не сте сами на овој свет.

5. Дисциплина и примена

За да составите или изведувате класична музика, потребно е посебно ниво технички способности кои најчесто бараат години учење и вежбање. За да го постигнат тоа, музичарите, па дури и аматерите, мора да вежбаат дисциплина со цел да го совладаат своето дело. Не постојат скратени патишта или компромиси на патот кон станувањето музичар. Но, тоа важи и за секој друг успех во животот. Токму тоа е една од најважните лекции кои можете да ги научите од класичната музика!

И за крај, класичната музика не е само фосилизиран реликвитет, ниту пак забава наменета исклучиво за елитата. Таа била негувана со години од страсни и креативни индивидуи и групи кои го посветиле својот живот на создавање неверојатен свет на музика. Таа може да ни поттикне нов начин на размислување и да го отвори нашиот ум, како и да го зголеми нашиот ентузијазам. Може да ни помогне да ги надминеме нашите граници и да ни овозможи вистинска исполнетост.

Па, успеавме да ве убедиме да почнете почесто да слушате класична музика?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар