Истражувањата конечно потврдија: Саркастичните луѓе се покреативни и поинтелигентни

Веќе долго време се сомневавме дека сарказмот е знак за интелигенција, но сега конечно има докази кои го потврдуваат тоа. Истражувачи од универзитетите Харвард и Колумбија, спровеле сеопфатна студија со цел да ги потврдат нашите очекувања.

Истражувањата конечно потврдија: Саркастичните луѓе се покреативни и поинтелигентни

За потребите на ова истражување, испитаниците биле поделени во 3 групи. Во едната се наоѓале оние кои се сметале за саркастични, во другата оние кои верувале дека се сериозни и во третата – неутралните. Истражувачите низ интеракција со различните групи барале од нив да извршат низа креативни задачи, а потоа тие биле оценувани.

Како и што се очекувало, саркастичните луѓе покажале зголемена креативност. Кога требало да се решаваат проблемите, тие лесно ги смислиле најкреативните решенија бидејќи биле во состојба да размислуваат апстрактно и надвор од границите. Но, креативноста не била единствената карактеристика која ги красела саркастичните луѓе. Со оглед на тоа што тие гледаат надвор од зацртаните линии со цел да дојдат до решение на одреден проблем и да го изразат своето мислење, овие луѓе имаат и повисока интелигенција од останатите.

Но, што се случува со негативните страни на овој вид карактер? Сарказмот најчесто води кон конфликт. Доколку разговарате саркастично со личност која не комуницира на тој начин, големи се шансите дека ќе предизвикате расправија. Дури и ако одговарате со сарказам на туѓ сарказам, постои можност да настане конфликт. Тоа значи дека најпрво треба да бидете сигурни дека сте на иста страна со вашиот соговорник, а потоа да го користите својот ум на овој начин.

За крај, во студијата се наведува дека е покажана зголемена креативност по стимулираниот саркастичен разговор или по присетувањето на саркастични размени. Тоа значи дека оваа комуникација поттикнува креативна енергија, особено кога е водена од две индивидуи кои комуницираат на истиот начин. Важниот заклучок кој може да се извлече од ова истражување е дека доколку сте саркастични, најверојатно имате повисока интелигенција од просекот, како и дека сте покреативни од останатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар