20 видови луѓе на кои никогаш не треба да им верувате

20 видови луѓе на кои никогаш не треба да им верувате

Постојат некои луѓе кои уште од првиот момент кога ќе ги здогледате, знаете дека целосно ќе се согласувате со нив. Но, исто така постојат и одредени луѓе кои без особено објаснување ни најмалку не ви се допаѓаат. Тие шират некоја негативна енергија околу нив чиј извор не може лесно да се открие. Можеби следниве поделби ќе ви помогнат…

20 видови луѓе на кои никогаш не треба да им верувате

1. Фризери или фризерки кои велат „Знам која фризура најдобро ќе ти стои. Верувај ми“. Никогаш не им верувајте кога упорно ве убедуваат дека нивната одлична идеја ќе биде добра и за вас. Станува збор за различни луѓе, со различни вкусови, па ако не сакате да излезете со солзи, не дозволувајте да ја преземат контролата.

2. Луѓе кои не ја сакаат ТВ серијата „Пријатели“. Што не е во ред со нив?

3. Мажи со неверојатно нежни и мазни раце. Зарем тие никогаш не работеле? Или можеби се толку многу опседнати со својот изглед што дури и нарцисите не им се рамни? Ако нѐ прашувате нас, оваа комбинација е рецепт за катастрофа.

4. Луѓе кои никогаш не можат да најдат ништо во бутиците. Цел ден шетале и ништо не им се допаднало? Дури ни белите чорапи? Или се премногу пребирливи или се личности кои никогаш не можат да донесат одлука. Во секој случај, нема да бидат добри пријатели.

5. ЛуЃеТо КоИ кУцАаТ вАкА. Додека пишуваат, сигурно прават детален план како да ве убијат. Нема друго објаснување.

6. Луѓе кои можат да изедат само една коцка чоколадо. Потребна е голема самоконтрола за да се сопрете по првото залче чоколадо. Толку голема што е скоро невозможна. Тоа значи дека тие луѓе едноставно не се од овој свет!

7. Луѓе кои не употребуваат емотикони. Сигурно и во реалноста не ги искажуваат своите чувства, се согласувате?

8. Луѓе кои не сметаат дека животните се слатки. Психопати? Социопати? Сериски убијци?

9. Луѓе кои биле МНОГУ убави како деца. Тие сигурно не морале да научат како да бидат фини и љубезни бидејќи откако ќе ги виделе сите автоматски ги сакале. Тоа е една од многуте причини зошто денес се многу злобни и очекуваат сè што ќе сакаат да им падне во нивните раце без никаков труд.

10. Луѓе кои не слушаат музика. Бизарно.

11. Луѓе кои не можете да ги откриете со едноставно пребарување на Гугл. Што се обидуваат да сокријат?

12. Непознати личности кои рано од сабајле пријатно ви се смешкаат. Чудаци!

13. Доктор Гугл. „Дали станува збор за обична главоболка или можеби имам Менингитис?“ Доктор Гугл секогаш ќе се обиде да ве натера да паничите, дури и за најмалата и секојдневна ситница која ја чувствувате.

14. Луѓе со екстремно голема коса. Таа е сигурно преполна со тајни. Зарем никогаш не сте го гледале филмот „Злобни девојки“?

15. Луѓе кои никогаш не го гледале филмот „Злобни девојки“. Сигурно во тоа време биле затвор. Не постои друга причина поради која би можеле да го пропуштат овој филм. Бегајте од нив.

16. Луѓето кои не сакаат да појадуваат. Премногу погрешно за да се објасни со зборови.

17. Луѓе кои не плачат додека го гледаат филмот „Титаник“. Роуз требало да ве турне вас во водата, а не Џек!

18. Луѓе кои не запознале ниту еден нов пријател во последниве година дена. Бегате од вашето минато? Интересно…

19. Луѓе кои не ставаат кечап, мајонез и цел тон сосови во својот хамбургер. Тие јадат само леб, месо и компири. Зошто?

20. Луѓе кои веруваат во сè што ќе прочитаат на Интернет. „Се гради Ајфелова кула во Скопје? Чекајте да ги информирам сите пријатели за ова чудо.“ На овие луѓе најмалку можете да им верувате бидејќи тие не знаат како да разликуваат вистина од лага, дури и за најмалите ситници, па токму затоа и постојано ќе ви шират дезинформации.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. marta Reply

    So posledniot podnaslov se negirash sama sebe!

  2. Анонимен Reply

    тешко дека ќе се најде поглупа статија од оваја.

    • Mino Reply

      Moze da se proglasi za najglupava statija na godinata !!!

  3. Nepoznat Reply

    Авторката што го напишала ова се опишува самата себе.По голем социопат од тебе не постои.Престани да лечиш комплекси преку безсмислени колумни.

    • Моника Трајковска Reply

      Сакаш да кажеш дека јас сум сите 20 видови луѓе? 🙂 Инаку овој текст е далеку од колумна, а уште подалеку од вистина. Неговата цел беше само да ве насмее и расположи. А ако ти си еден од оние луѓе кои сфаќаат сериозно сè што ќе прочитаат на интернет, тогаш навистина не би сакала да бидам во твојата глава… И ако не ти е тешко, те молам направи ми една услуга – прочитај ја повторно последната точка од текстот.

  4. Mino Reply

    Imam citano sekakvi gluposti na internet, no poglupava statija od ovaa nemam procitano…!!!
    Skoro site tocki se uzas neviden.

    Primer-imam drugar koja ne edna, tuku voopsto ne jade cokoladi i e najdobrata licnost sto ja poznavam.

    Sramota za kafepauza.mk da ima vakvi statii…

    • Моника Трајковска Reply

      Дечко, иако не сакам да се повторувам, сепак ќе ти го напишам истото што му го напишав и на Непознат погоре. Станува збор за ЗАБАВЕН текст чија цел е да ве НАСМЕЕ. Нема тука научни факти базирани врз 100-годишни истражувања кои реално и вистинито ги поделуваат луѓето во овие 20 категории. Зошто мора сè да се сфаќа толку сериозно?

      Инаку за коцката чоколадо се мислеше на самоконтролата – скоро никој не може да одолее да земе втора коцка откако ќе ја изеде првата. Поправи ме ако грешам… 🙂

Напиши одговор на Моника Трајковска Откажи одговор