Претходно
20 работи кои луѓето со пирсинг и тетоважи би сакале да ги разберете
Иако тетовирањето има традиција подолга од 2.000 години, денес тетовираните луѓе се среќаваат со голем притисок поради нивната одлука. Еве што мислат тие во врска со прифаќањето на нивните тетоважи.

1. Нашите тетоважи не влијаат на нашата работна етика и на тоа како ги извршуваме работните задачи.

2. Ние излегуваме и стапуваме во брак и со луѓе кои немаат тетоважи и не се испирсани.

3. Веројатно ќе имаме поголеми проблеми во староста отколку тоа како ќе изгледаат нашите тетоважи.

4. И пак ќе бидеме најголеми фраери кога ќе остареме.

5. Ние сè уште сме одговорни за последиците од нашите постапки.

6. Не секоја тетоважа која ја имаме има посебно значење.

7. Да, боли. Ама не ни е гајле.

8. И не, сега веќе не боли.

9. Ако имаме тетоважа или пирс тоа не значи дека имате отворена понуда да ги допирате. Особено не во јавност.

10. Го добивате она за што сте платиле.

11. Ние го чувствуваме нашето тело со тетоважи исто како вие вашето без нив.

12. Имањето тетоважа или пирс не влијае на способноста да се биде добар родител.

13. Модифицирањето на телото е уште еден вид уметност за нас.

14. Тоа е изразување на себеси и сопствената индивидуалност.

15. Само затоа што сме тетовирани не значи дека не сме религиозни и не веруваме во ништо.

16. Тоа не е бунт против нашите родители.

17. Ниту против општеството. Во некои општества тие се нормални.

18. Не сите тетоважи и пирсови се за секој да ги види. Она што е под алиштата може таму и да остане.

19. Не очекуваме и не мислиме дека сите треба да имаат тетоважи. Модификациите на телото не се за секого.

20. Барањето од нас да ги покриеме тетоважите е навредливо за нас.






























