20 извонредни факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа - Part 3

20 извонредни факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа

11. Заљубените луѓе имаат хемиски сличности со луѓето со опсесивно-компулсивно нарушување

(14) 20-izvonredni-fakti-za-ljubovta-od-koi-kje-nauchite-mnogu-za-nea-kafepauza.mk

Студиите покажуваат дека луѓето во раната фаза на љубовта имаат помало ниво на серотонин, кој е поврзан со чувството на среќа и добросостојба, како и повисоко ниво на кортизол поврзан со стресот. Ова е доста слично со луѓето кои имаат опсесивно-компулсивно нарушување, што објаснува зошто се однесуваме толку чудно и несвојствено кога сме заљубени.

12. Размислувањето за љубовта и сексот влијае на креативноста и на конкретното размислување, соодветно

(15) 20-izvonredni-fakti-za-ljubovta-od-koi-kje-nauchite-mnogu-za-nea-kafepauza.mk

Истражувањата откриле дека мислењето на љубовта го поттикнува поапстрактното и покреативно размислување бидејќи тоа е поврзано со подалечни и поапстрактни работи како долготрајните врски, посветеноста и интимноста. Потсетувањето на сексот пак поттикнува поконкретно размислување и влијае личноста повеќе да се фокусира на моменталните детали отколку на долгорочните планови и цели.

13. Приврзаност + грижа + интимност = совршена љубов

(16) 20-izvonredni-fakti-za-ljubovta-od-koi-kje-nauchite-mnogu-za-nea-kafepauza.mk

Триаголната теорија на љубовта открива јасна формула за елементите на различните видови љубов. Постојат 3 вида љубов кои се производ на два различни парови од елементи:

  • Романтична љубов = страст + интимност
  • Придружничка љубов = интимност + посветеност
  • Глупава љубов = страст + посветеност

Вистинската и најсилна љубов е онаа која се состои од сите три компоненти.

14. Привлечното лице е поважно од атрактивното тело за долготрајните врски

(17) 20-izvonredni-fakti-za-ljubovta-od-koi-kje-nauchite-mnogu-za-nea-kafepauza.mk

Кога барате некој за сериозно, поважно ви е да ви е попривлечно лицето одошто телото. Обратно, кога барате некој за забавување, телото има предност пред лицето.

15. Држењето за рака со саканиот ја намалува болката и стресот

20 извонредни факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа

Истражувањата покажуваат дека долгогодишните парови со длабока и силна конекција можат успешно да си се лекуваат во стресни ситуации или кога чувствуваат некаква болка со едноставно држење за раце.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар