17 знаци дека сте старци сокриени во телото на млади луѓе

17 знаци дека сте старци сокриени во телото на млади луѓе

Вашето друштво договара луда забава во домашна атмосфера, а вие гласно размислувате кои филмови би сакале да ги гледате легнати на каучот. Веќе сте изморени од излегувањето секој викенд, местата ви изгледаат еднолични, муабетите непотребни, а парите скапи. Повеќе не ве интересираат социјалните мрежи и смешните фотографии од мачки. Тогаш вие сте стар човек, заробен во младо тело, кој само чека да поминат годините за да го покаже своето вистинско лице.

17 знаци дека вие сте возрасна личност сокриена во тело на млад човек

1. Дома седите со ќебе преку вашите нозе. (Бонус е ако самите сте си го исплеле)

2. Кога сите се шегувале за електричното ќебе од телевизиските реклами, вие сериозно сте размислувале како да го нарачате што побрзо.

3. Вашиот омилен дел од ноќта е кога конечно се враќате дома и легнувате.

4. Не ви е пријатно повеќе да го користите тинејџерскиот жаргон иако имате нешто ситно над 20 години.

5. Секогаш се грижите дали сите во друштвото понеле јакна.

6. И внимавате сите на масата да имаат пијалак, како и чаша вода, бидејќи кога пиете алкохол најважен е балансот.

7. Заспивате додека гледате филмови.

8. Заспивате додека гледате филмови во 7 часот попладне.

9. Веќе сте професионален дремач.

10. Не ви е чудно да им кажете на луѓето дека ќе легнете да се одморите. А не сте уморни затоа што сте трчале маратон, туку само затоа што сте биле до продавница и тоа ве истоштило.

11. Поседувате едно чудо тренерки за по дома.

12. Не се срамите до продавница да отидете по папучи.

13. Всушност папучите и тренерките се ваш заштитен изглед.

14. Заостанувате со технологијата и не можете да ги следите сите нови апликации. Што е тоа Твитер? Дали луѓето сѐ уште користат Фејсбук?

15. Сами си имате одредено време за легнување. И станувате анксиозни доколку навечер сте излезени до доцна.

16. Групата адолесценти ја нарекувате „младина“. И се прашувате зошто толку викаат кога поминуваат под вашиот прозорец.

17. Всушност, вашата најголема желба е само да седите во удобната фотелја, со мало милениче во скутот. Што повеќе би можеле да посакате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар