Претходно
17 прашања на кои може да се одговори само со лага
Постојат одредени прашања на кои едноставно не може да се одговори со вистината. Најчесто тоа се случува бидејќи не сакате да повредите нечии чувства, па токму затоа одбирате мала бела лага. Наредниве 17 прашања спаѓаат токму во оваа категорија…
1. Кога вашата партнерка ќе ве праша: „Дали изгледам дебело во ова?“

2. Кога сте на свадба и некои ќе прошепоти: „Зарем не се едноставно совршени еден за друг?“

3. Кога нова мајка го држи своето бебе: „Зарем не е ова најслаткото бебе кое некогаш сте го виделе?“

4. Кога вашето дете ќе направи вечера и ќе ве праша со широко отворени и надежни очи: „Вкусно е?“

5. Кога кој било ќе ве праша: „Па, на колку години ти личам?“

6. Кога здодевниот колега ќе ви каже: „Нели обожаваш да работиш тука?“

7. Кога некој кој го сакате ќе ве праша: „Дали сум најдобриот/најдобрата со кој/а си бил/а?“

8. Кога вашиот амбициозен пријател ќе праша: „Што мислиш за мојата поема/новела?“

9. Кога вашите хронично невработени брат или сестра ќе ве прашаат: „Дали вработуваат во твојата компанија?“

10. Кога личноста која само што сте ја запознале ќе ви спомне: „Сакаш да се дружиме викендов?“

11. Кога скоро сите ќе ве прашаат: „Може да ме префрлиш со автомобилот?“

12. Кога некој без предупредување ќе ви се развика: „Слушаш ли што зборувам?“

13. Кога сè уште не сте излезени од дома и ќе ви стигне порака: „Тргнат/а си?“

14. Кога пријателот на вашиот пријател сака да знае дали: „Може да преспијам вечерва на твојот кауч?“

15. Кога пријателот кој порачал шише вино за цела маса ќе ве праша: „Може да ми додадеш нешто ситно за сметката?“

16. Кога имате навистина лош ден и некоја расположена личност ќе ве праша: „Како си?“

17. Кога вашиот татко ќе подигне слушалка и наместо здраво ќе ве праша: „Претпоставувам ти треба мајка ти?“






























