15 грешки во комуникацијата кои го нарушуваат вашиот кредибилитет

Во денешното општество на брз начин на живот, изместени морални вредности и постојана трка по успех и влијание, луѓето стануваат сè поскептични и поцинични кога станува збор за информациите што стигнуваат до нив. Со други зборови, луѓето се многу внимателни кога треба да одлучат кому може да веруваат, а кој се обидува да ја злоупотреби нивната доверба. Оваа појава е најмногу присутна на работното место каде колегите може да бидат не само соработници туку и ривали. Многумина од нас честопати самите си го намалуваме сопствениот кредибилитет без да бидеме свесни за тоа. Ова се 15-те најчести грешки при комуникација кои придонесуваат за тоа луѓето да не ве сметаат за личност на која можат да ѝ веруваат:

15 грешки при комуникација кои го нарушуваат вашиот кредибилитет

1. Пренесувате гласини без да проверите дали се точни или повторувате работи кои сте ги чуле за вашите колеги без да знаете дали се вистинити или измислени.

2. Не одговарате на пораките што ги добивате, освен кога нешто ви треба.

3. Создавате процедури и правила, ги промовирате и ги наметнувате на другите, но вие самите не ги почитувате.

4. Споделувате премногу детали од вашиот приватен живот и давате премногу информации за вашите лични интереси, при што истото го очекувате и од другите. Во спротивно, ги осудувате како неавтентични и нејасни.

5. Употребувате премногу остри и тешки зборови во вашата секојдневна комуникација

6. Давате премногу тешки и комплицирани задачи без да дадете јасни инструкции и информации што би им помогнале на другите да донесат правилни одлики во нивната област на дејствување.

7. Правите претпоставки за тоа што ги мотивира другите, што очекуваат од работата и како би сакале да се разговара со нив, без да ги прашате лично.

8. Кога не сте задоволни од нечија работа, тоа го кажувате на сите освен на личноста која е директно засегната. На тој начин избирате индиректен наместо директен начин на комуникација.

9. Споделувате информации и приказни кои не се лично ваши и кои ви биле кажани во доверба.

10. Не ги сфаќате своите зборови сериозно и обично давате ветувања кои не можете да ги исполните или зборувате за тоа што сте го направиле или би можеле да го направите, наместо за тоа што ќе го направите.

11. Кога се зборува за некој сериозен проблем, вие не кажувате ништо, но подоцна кога штетата е веќе направена имате многу што да кажете за тоа кој е виновен.

12. Не чекате да ги преземете наградите за своите заслуги, но кога треба да се заблагодарите или да пофалите нечија туѓа идеја, посветеност или успех, вие како да сте испариле.

13. Повратниот одговор што го давате за нечија сработена задача се заснова на лични напади и навреди, а не на корисни забелешки и сугестии за подобрување.

14. Вашите дела не соодветствуваат со вашите зборови.

15. Сметате дека за добра комуникација најважен е начинот на кој се пренесува информацијата, а не самиот дијалог и дискусија кои се потребни за да се постигне меѓусебно разбирање и почит.

16. Почитта и довербата на другите луѓе треба да ја заслужите и да ја стекнете со текот на времето. Внимавајте на овие работи кои би можеле да ви застанат на патот до остварувањето на целта и за многу кратко време ќе станете омилената личност на вашето работно место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар