Не плашете се да бидете ранливи

Луѓето често ја збунуваат ранливоста со слабоста. Тие веруваат дека да се биде ранлив значи да се биде наивен, да се застане на гредата, да се затворат очите и да се паѓа слепо во меѓучовечките односи. Но, она што не го разбираат е тоа дека да се биде ранлив значи и да се биде најсилната верзија од себе.

Не плашете се да бидете ранливи

Ранливоста значи да ги отворите очите и да бидете искрени со себе. Значи да ги гледате најслабите и најкршливите делови од себе и да ги прифатите како такви. Значи да ги сфатите своите несовршености, своите стравови и своите желби. Да го погледнете своето минато и да одлучите дека и покрај сѐ што ви се случило, вие ќе продолжите да бидете отворени кон новите искуства и новите познанства.

Ранливоста значи да ја избирате љубовта, одново и одново. Да знаете дека можете да бидете повредени и скршени, но и да си дозволите да го проживеете моментот и најубавите делови од животот. Да се биде ранлив значи да се биде моќен, силен, храбар, цврст. Значи да ги правите оние работи од кои се плашите, за да можете да растете и да се развивате. Значи да не се откажувате и бегате од предизвиците и ризиците само затоа што се непознати или изгледаат страшно, туку да го прифатите она што светот има да го понуди без да се воздржувате. Ранливоста значи да се даде шанса на вистинските, автентични врски кои значат и кои вредат. Значи да им ја дадете можноста на другите навистина да ве запознаат и да се ослободите од стравот кој го чувствувате кога мислите дека ќе откријат нешто кое нема да им се допаѓа.

Ранливоста е моќ, втора шанса, најдоброто нешто од животот. Ранливоста е она што нѐ прави луѓе. Затоа не треба да се плашиме од неа. Не треба да се плашиме да ги откриеме нашите најдлабоки мисли, да се соочиме со она што нѐ прави анксиозни и загрижени, да го отвориме нашето срце за љубовта дури и во оние моменти кога вратата се затворила. Не плашете се да простувате, да се ослободите од минатото, да го прифатите новото и да се прославите себеси, својот живот и своето постоење.

Ранливоста е сила. А, вие сте силни и истрајни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар