15 чудни традиции од целиот свет

Секој доживеал културолошки шок барем еднаш во животот. Кога на пример, ќе отпатувате во Египет, навистина ќе ве збуни кога ќе дознаете дека другарките ја штипат невестата пред свадба за среќа. Покрај ова, секоја традиција може да ни покаже многу за вредностите на државата и за нејзината култура. Па, погледнете ги овие 15 изненадувачки традиции кои постојат и денес и кои ги зачудуваат луѓето од целиот свет.

1. Без употреба на тоалетна хартија, Индија

15 чудни традиции од целиот свет

Многу туристи ќе се изненадат кога ќе откријат дека тоалетната хартија не е нешто што често го има во тоалетите во Индија. Наместо тоалетна, до школката има мала кофа со вода. Користењето тоалетна хартија е воглавно лоша идеја бидејќи може да ги затне цевките и создава дополнителен отпад.

2. Забрана за употребување на тоалетот после брак, Индонезија

15 чудни традиции од целиот свет

Во Тидонг, Индонезија, на венчаниот пар не му е дозволен да оди во тоалет 3 денови после венчавката. Доколку го направат ова, тоа се смета за несреќа во бракот. Младенците се надгледувани од членовите на семејството за да не ја прекршат традицијата, додека добиваат малку храна и вода.

3. Поздравување со плукање, Масаи

15 чудни традиции од целиот свет

Иако плукањето се смета за неучтиво во многу култури, во кениското племе Масаи, ова е начин на поздравување и покажување почит. Членовите на племето плукаат на нивните дланки пред да се ракуваат, а им го прават ова и на новородените бебиња, па дури и на несвестите со цел да ги благословат.

4. Не подарувајте жолта роза, Мексико

15 чудни традиции од целиот свет

Розите се одличен начин да ги покажете вашите чувства, а ова важи во речиси секоја држава. Но бојата на розите во некои држави има одредено значење. Во Мексико, подобро е да се држите до традиционалната црвена роза наместо жолта, бидејќи таа значи смрт во мексиканската култура.

5. Кршење чинии пред свадба, Германија

15 чудни традиции од целиот свет

Неколку недели пред германските свадби, гостите носат чинии и шолји кои потоа се кршат во домот на младите. Потоа момчето и невестата треба да го исчистат нередот, нешто за коешто се верува дека ќе им донесе среќа и ќе ги охрабри заедно да работат во бракот.

6. Фрлање цимет на самците, Данска

15 чудни традиции од целиот свет

Една стара традиција од 16-тиот век, сè уште постои во Данска. Доколку некој остане сингл до 25-тиот роденден, неговите пријатели ќе фрлаат цимет на него. Традицијата се однесува на данските продавачи на зачини кои често немале време за брак поради нивните патувања.

7. Доцнење, Венецуела

15 чудни традиции од целиот свет

Без разлика дали станува збор за настан, состанок или забава во Венецуела, луѓето често пристигнуваат малку подоцна од договореното. Овде луѓето сакаат поопуштено темпо кога станува збор за бизнис, а за време на големите социјални настани, ова едноставно значи привлекување внимание.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар