За помирен и посреќен живот: 4 лесни прашања кои ќе ги запрат негативните мисли

Дури и најсреќните луѓе понекогаш паѓаат во една негативна емоционална и когнитивна рамнотежа и успешно ја блокираат својата продуктивност и ефикасност. Совладајте ги вештините на смирување на мислите со помош на овие прашања и бидете силни и полни со мотивација и инспирација во текот на целиот ден. Повеќето одговори на прашањата кои си ги поставуваме во нашите мисли ги кријат одговорите во својата содржина. Но, за да го пронајдеме вистинскиот одговор треба да си го поставиме и вистинското прашање.

За помирен и посреќен живот: 4 лесни прашања кои ќе ги запрат негативните мисли

1. Зошто моментално се чувствувам среќно?

Повеќето работи кои ги сакаме се наши попатни цели кои водат до најголемата и главната цел за сите нас – среќата. Кога себеси ќе си го поставите ова прашање, ќе увидите дека постојат многу работи околу кои можете да се чувствувате среќни и задоволни. Погледнете околу себе: Семејството, најблиските, саканите, работата, домот, па дури и некои убави спомени. Доколку не можете да се сетите на нешто што може инстантно да ве расположи, одлучете да бидете среќни без причина.

2. Зошто моментално се чувствувам возбудено?

Во текот на денот ни е потребна возбуда, страст и поттик за да можеме успешно да продолжиме понатаму. Возбудувањето нѐ мотивира да постигнеме колку што можеме повеќе во 24 часа. Кога себеси ќе си го поставите ова прашање, автоматски ќе знаете што е за вас најважно и кои се вашите приоритети. Тоа не мора да бидат некои големи работи, всушност, дури и најмалите ситници можат да ве освежат и да ви го преобликуваат денот. Бидете ведри.

3. На што се гордеам?

Ова сознание може да ве направи многу моќни. Често се фокусираме исклучиво на нашите недостатоци и маани, а забораваме да станеме и да погледнеме до каде сме дошле и колку убави работи сме направиле. Ова ќе ве зближи и со луѓето кои ви се важни во вашиот живот. Покрај себеси, можете да бидете горди и на партнерот, родителите, пријателите, познаниците итн. Сѐ што треба да направите е да се фокусирате на нивната сила, истрајност и достигнувања.

4. За што сум благодарен/благодарна?

Благодарноста има многу позитивно влијание врз оние личности кои знаат како да се водат по неа. Никогаш не можете да чувствувате благодарност и омраза истовремено. Откако ќе си го поставите ова прашање, ќе почнете да ги гледате како дар луѓето и настаните кои се појавуваат околу вас. Размислувајте за овие работи, наместо да се жалите за сите несреќи, страдања и предизвици кои ви застанале на патот кон среќата. Само така ќе научите да опростувате и да се ослободите од сета негатива која ви ги окупира мислите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар