12 нешта што секој треба да ги знае за астрологијата

12 нешта што секој треба да ги знае за астрологијата

Астрологијата е нешто што го следат многу луѓе, но ретко се задлабочуваат во неа. Кај астрологијата има многу повеќе од вашиот хороскопски знак. Таа е покомплексна отколку што мислат повеќето луѓе. Па, доколку ја следите астрологијата и сакате да го читате вашиот хороскоп, би било добро да ги знаете ова нешта.

12 нешта што секој треба да ги знае за астрологијата

1. Астрологијата е многу повеќе од само ѕвезди

Астрологијата се состои од многу повеќе наместо само од ѕвезди. Таа ги зема предвид планетите, сонцето, месечината и сè помеѓу.

2. Астрологијата има историско значење

Астрологијата најмногу потекнува од Вавилонците. Нострадамус бил астролог, а постоеле и други многу значајни астролози низ историјата. Без разлика во кој дел од минатото барате, сигурно ќе најдете некој значаен астролог.

3. Постојат 12 сончеви знаци

Постојат 12 сончеви знаци. Ова се знаците кои ги барате кога го читате вашиот хороскоп.

  • Овен (21-ви март – 19-ти април)
  • Бик (20-ти април – 20-ти мај)
  • Близнаци (21-ви мај – 20-ти јуни)
  • Рак (21-ви јуни – 22-ри јули)
  • Лав (23-ти јули – 22-ри август)
  • Девица (23-ти август – 22-ри септември)
  • Вага (23-ти септември – 22-ри октомври)
  • Скорпија (23-ти октомври – 21-ви ноември)
  • Стрелец (22-ри ноември – 21-ви декември)
  • Јарец (22-ри декември – 19-ти јануари)
  • Водолија (20-ти јануари – 18-ти февруари)
  • Риби (19-ти февруари – 20-ти март)

4. Сите имаме натална карта

Позицијата на планетите во моментот кога сте родени го создава вашиот карактер. За наталната карта ви се потребни место, време и датум на раѓање. Со помош на наталната карта можете да научите разни нешта – од вашиот подзнак до детали за вашиот карактер.

5. Има 4 елементи

Постојат четири елементи и секој знак припаѓа на различен. Елементите се воздух, оган, земја и вода.

  • Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија
  • Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец
  • Водни знаци: Рак, Скорпија, Риби
  • Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец

6. Секој знак е владеен од одредена планета

Секој знак е владеен од разна планета или небесно тело.

  • Овен – Марс
  • Бик – Венера
  • Близнаци – Меркур
  • Рак – Месечина
  • Лав – Сонце
  • Девица – Меркур
  • Вага – Венера
  • Скорпија – Плутон и Марс
  • Стрелец – Јупитер
  • Јарец – Сатурн
  • Водолија – Уран
  • Риби – Нептун

7. Во астрологијата постојат 12 куќи

Постојат 12 куќи во астрологијата. Секоја куќа е поврзана со неколку одлики. Одликите се од лични, до општествени, па и пошироко. Кога сте родени, веднаш ви е одредена некоја куќа. Кога некоја планета влегува во вашата куќа, енергијата се менува.

8. Важен е и вашиот подзнак

Вашиот подзнак е знакот кој се искачувал на источниот хоризонт на точната локација и во точното време кога сте биле родени. Подзнакот ви кажува како ве гледаат другите и може да ви открие многу повеќе отколку што мислите.

9. Не се сите одлики на вашиот знак позитивни

Има негативни работи за секој знак. Ако внимателно прочитате за вашиот хороскопски знак ќе дознаете многу за вашите слабости, но и силни страни.

10. Месечината му влијае на телото

Ако внимателно ја проучувате астрологијата ќе научите колку е важна месечината и сите фази низ коишто минува. Таа влијае на вашите тело и ум, а нејзината енергија навистина се истакнува.

11. Астрологијата е и наука и уметност

Астрологијата е уметност, но се смета и како наука бидејќи користи математика и бара разбирање од астрономијата.

12. Постојат многу начини на коишто можете да ја користите астрологијата

Можете да ја примените астрологијата за големи и за мали нешта. Што ќе прифатите од неа зависи од вас. Се разбира, нема потреба детално да ја изучувате. Ако сте задоволни со само читање на дневниот хороскоп, нема потреба да продолжувате понатаму.

Прочитајте ги и овие факти за хороскопските знаци што секој би требало да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар