17 библиски настани кои можеби се потврдени од науката

17 библиски настани кои можеби се потврдени од науката

За христијаните ширум светот, Библијата претставува свет текст. Дури и за луѓето кои не се религиозни, библиските приказни поставиле некаква основа. Но колку од напишаното во Библијата е всушност вистина? Иако постојат нешта за кои е невозможно да бидеме сигурни, многу од мистериите на овој свет текст се решени. Некои од најважните луѓе и места спомнати во Библијата навистина постоеле, а научниците конечно успеваат да најдат докази за ова.

1. Вистинското лице на Исус

17 библиски настани кои можеби се потврдени од науката

Неодамна, антрополозите форензичари го рекреирале лицето на мажот за кој се верува дека бил Исус од Назарет. Додека христијаните без трошка сомнеж веруваат во неговото постоење, дури и скептиците ќе се воодушеват од овој приказ на човекот за кој многумина верувале дека е божји син.

2. Идентитетот на Марија Магдалена

17 библиски настани кои можеби се потврдени од науката

Со години црквата Свети Максим тврди дека ги поседува коските на Марија Магдалена. Неодамнешни истражуваа потврдиле дека остатоците во црквата навистина ѝ припаѓаат на жена која потекнува од регионот во кој се верувало дека живее Марија.

3. Ѕидот на крал Соломон

17 библиски настани кои можеби се потврдени од науката

Во 10-тиот век п.н.е. според Библијата, кралот Соломон изјавил дека ќе се изгради ѕид во градот за да го заштити од непосакуваните луѓе. Неодамна археолозите откриле ѕид изграден во тој период за кој има големи шанси да биде оној на Соломон.

4. Вавилонската кула

17 библиски настани кои можеби се потврдени од науката

Според Книгата на постанокот, библиската кула била изградена од потомците на Ное. Со текот на времето кулата станала симбол на нивната гордост, па бидејќи била превисока Бог ја спречил изградбата така што им ги измешал јазиците на луѓето и тие не можеле да се разберат. Кулата Етеменанки е лоцирана на исто место како и древниот град Вавилон, модерен Ирак. Многумина веруваат дека Етеменанки е всушност кулата од Стариот завет.

5. Доказ за големата поплава

17 библиски настани кои можеби се потврдени од науката

Ако ги знаете приказните од Стариот завет, веројатно знаете за големата поплава поради која Ное ја изградил својата арка и ја наполнил со по две животни од секој вид. Научниците неодамна откриле дека пред околу 7.000 години навистина имало катастрофална поплава во регионите околу Црното Море и убила над 100.000 луѓе.

6. Арката на Ное

17 библиски настани кои можеби се потврдени од науката

Многу луѓе тврдат дека ги откриле остатоците од арката на Ное. Но, ако навистина постоела, голема е веројатноста дрвото веднаш да било искористено откако завршила поплавата. Сепак, ова не ги спречува луѓето упорно да ги бараат остатоците на Google Maps.

7. Братот на Исус

17 библиски настани кои можеби се потврдени од науката

Со години постоеле гласини дека Исус всушност имал брат – апостолот Јован. Овие гласини го достигнале врвот во 1970-тите кога се открил ковчег од ерата во која се смета дека живеел Исус и на кој пишувало „Јован, синот на Јосиф, братот на Исус“.

8. Кралицата Језавела

17 библиски настани кои можеби се потврдени од науката

Во 9-тиот век п.н.е. се верува дека кралицата Језавела владеела со Израел и ги присилила луѓето да го обожуваат нејзиното божество. Во 1980-тите бил откриен печат со нејзиното име и потпис што докажува дека таа сепак постоела.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар