Како да одгледате дете кое не е материјалист?

Како да одгледате дете кое не е материјалист?

Сигурно постојано слушате за материјализмот во модерниот свет. Тој навистина постои и сите сме свесни за него. Но со толку многу разни размислувања и нови движења од страна на милениумците, изгледа како материјализмот да се намалува. Сепак, според едно ново истражување важи токму спротивното – материјализмот е пораспространет од кога било.

Како да одгледате дете кое не е материјалист?

Ако сте родител, веројатно се прашувате како да одгледате дете кое нема да биде материјалист. Сакате вашето дете да биде среќно, а сигурно веќе сте свесни за проблемите кои доаѓаат од живеењето материјалистички живот. За среќа, истражувањето понудило и „лек“ за материјализмот кој е многу поочигледен отколку што мислите.

Тајната за одгледување дете што не е материјалист

Материјализмот е однесување каде што личноста ги смета материјалните нешта за поважни од оние неопипливите, како духовните вредности. Ова е систем на верување во кој личноста ја бара среќата во физичката удобност, нешто што носи само кратка и привремена радост.

Кога личноста бара надворешни работи за да ја задоволи својата желба за среќа, заглавува во циклус на постојано барање и сакање и никогаш не е вистински среќна и исполнета. Истражувањето открило едноставна психолошка промена со која може да се „надмине“ материјализмот.

Истражувачите проучувале над 100 адолесценти на возраст од 11 до 17 години. Ги замолиле да изведат неколку вежби дизајнирани со цел да се одреди колкава вредност им придавале на материјалните нешта и колку биле задоволни со она што го имаат.

Истражувањето нашло директна поврзаност помеѓу оние кои биле поблагодарни и намаленото присуство на материјализам. Односно, испитаниците кои биле благодарни за она што го имаат, поретко биле материјалисти.

Како да му помогнете на детето да развие благодарност?

Со благодарноста вие го цените она што го имате. Во овој случај важи сосема спротивното од материјализмот – среќни сте со она што го имате наместо постојано да чувствувате желба за повеќе.

Изминатава деценија благодарноста била забележана како една од најмоќните одлики кај луѓето од страна на психолозите и не е само алатка против материјализмот, туку нуди многу повеќе.

Па, како да му помогнете на вашето дете да развие чувство на благодарност? Навистина е едноставно, но потребен е постојан труд од ваша страна со цел да го охрабрите детето да не се откажува.

Испитаниците од истражувањето кои користеле дневник за благодарност имале најдобри резултати. Па, замолете го детето секој ден да запишува по 3 едноставни работи за кои е благодарно. Водењето дневник за благодарност е навистина едноставно и лесно, но може да биде навистина моќно ако ви стане навика.

Погледнете ги и советите кои ќе ви помогнат да воспитате примерно дете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар